Имунолошкиот систем потребно е да биде стабилен кај постарите луѓе на дневна основа, бидејќи ги штити од болести и дава подобар квалитет на живот. Нашиот индивидуален дневен начин на живот го одредува степенот на виталност во староста.

За време на животниот циклус, човечкото тело поминува низ разни ситуации, кои стресно влијаат на нашиот имунолошки систем. Статистичките податоци покажуваат дека само 30% од процесот на стареење се пренесува преку генетика, а остатокот зависи од нашиот начин на живот.

Нашиот секојдневен начин на живот одредува колку брзо ќе ја изгубиме виталноста, што е последица на нашиот имунитет како што старееме. Ако сте постара личност со чувствителен имунолошки систем, можете да се зајакнете и да станете поотпорни на слободните радикали и да спречите развој на многу болести.

На сосем природен начин и со помош на средства без несакани ефекти, сигурно ќе се чувствувате подобро и посилно. Имунитетот е систем кој штити од надворешни агенси кои влегуваат однадвор во нашето тело (бактерии, вируси и габи) или се појавуваат во внатрешноста на телото (паразити).

Ако организмот е силен и имунолошкиот систем е стабилен, сите слободни радикали кои ќе се обидат да ја нарушат таа рамнотежа ќе бидат уништени. Човечкиот имунитет е составен од комплексна мрежа на клетки и органи кои имаат за задача да го штитат целото тело. Органите кои се дел од имунитетот се лимфоидни органи, а белите кр-вни клетки кои ефикасно се борат против причината за болеста се лимфоцитите.

Организмот кај постарите луѓе е повеќе изложено на разни микроби и патогени, без тие дури и да го забележат тоа. Имунитетот се бори против патогените микроорганизми онолку колку што поединецот се грижи за сопственото здравје.

Постарите луѓе со силен имунолошки систем се помалку болни. Зајакнувањето на заштитните сили во староста не е толку тешко. Имунитетот и стареењето се две меѓусебно поврзани теми.

Тестовите докажаа дека човекот е стар онолку колку што се чувствува старо. Здрава личност е онаа која има силен имунитет, без оглед на возраста. Дури и оние луѓе кои се здрави во втората половина од својот живот треба да обратат повеќе внимание на своето здравје.

Имунолошкиот систем одеднаш ја губи својата агилност околу 70-та година од животот, но одбраната со сигурност може да се зајакне, односно имунитетот. Кај постарите лица е најдобро редовно да се зајакнува неговото ниво на подготвеност за одбрана на природен и здрав начин.

Постарите луѓе кои се изложени под постојан стрес произведуваат хормони кои го потиснуваат нервниот систем. Ако имунолошкиот систем кај постарите лица не е зајакнат, телото станува мета за патогените вируси и микроби, а болестите имаат долготрајна форма и се комплицираат.

8 природни лекови за зајакнување на имунолошкиот систем кај постарите лица

Лук за зајакнување на имунитетот кај постарите лица

Лукот е еден од најефикасните природни средства за зајакнување на имунитетот, а особено се препорачува за постари лица. Активната состојка – алицин успешно се бори со причините за разни болести.

Во чинија исечете три чешњиња лук. Ситно исечканите парчиња ставете ги во тегла и измешајте ги со 3 супени лажици мед. Промешајте ја смесата и затворете ја добро со капак. Чувајте ја во фрижидер. Консумирајте по 1 супена лажица половина час пред појадок.

Ѓумбирот може ефикасно да го зајакне имунитетот кај постарите лица

Коренот на ѓумбир го зајакнува ослабениот имунитет и му помага на телото да се ослободи од насобраните токсини. Помага при настинки и грип, ја штити функцијата на мозокот и спречува рак.

Ставете 2 шолји вода во сад, а потоа зовријте ја водата. Додајте една лажица ситно исечкан корен од ѓумбир. Оставете чајот да се готви на висока температура уште 10 минути. Процедете ја добиената течност и по желба додајте малку мед и сок од лимон за да го подобрите вкусот на чајот. Консумирајте двапати на ден.

Куркума за здрав имунолошки систем кај постарите лица

Антиоксидансите во куркумата се важни за одржување на здравјето кај постарите лица, како и за нивниот имунолошки систем. Куркумата ги неутрализира слободните радикали и помага во правилното функционирање на имунолошкиот систем.

Клетките ќе станат отпорни на инфекции благодарение на куркуминот, активната состојка на куркумата, што му ја дава на овој лековит зачин препознатливата боја и лековитите својства.

Ставете 1 лажичка куркума во чаша топло млеко и добро промешајте. Испијте го златното млеко пред спиење. Може да додадете и лажичка мед по вкус во напитокот. Консумирајте еднаш на ден по една чаша од млекото.

Зелен чај за силен имунолошки систем

Редовната консумација на зелен чај ќе го зајакне вашиот ослабен имунитет. Неколку активни компоненти од овој чај директно влијаат врз клетките на имунолошкиот систем и ги „охрабруваат“ да го бранат организмот од штетните ефекти на слободните радикали.

Тие исто така му помагаат на телото да се опорави од болести. Зелениот чај ја подобрува функцијата на мозокот, физичките перформанси и согорувањето на вишокот маснотии.

Во 250 мл зовриена вода, додајте половина лажичка зелен чај и оставете да отстои 5 минути, а потоа процедете. Засладете го чајот по желба и пијте голтка по голтка во текот на денот.

Лимонот го подобрува имунитетот кај секоја личност

Овој агрум изобилува со витамин Ц, што значително го подобрува имунитетот на секоја личност во текот на животот. Витаминот Ц им е особено потребен на постарите лица, па затоа е добро да се знае дека најдобриот и најдостапниот извор на оваа состојка е лимонот. Пиењето сок од лимон ќе ги подобри функциите на лимфоцитите, кои ќе можат да „реагираат“ побрзо доколку се појави инфекција.

Исцедете сок од половина лимон во чаша и додајте малку млака вода. По желба засладете со мед. Консумирајте ја оваа течност секое утро, половина час пред појадокот.

Зелката е одличен природен лек за имунолошкиот систем 

Голем број на хранливи материи од зелката ја прават одличен природен лек за имунолошкиот систем на секоја постара, но и помлада личност. Дејствува како природен антисептик и антиоксиданс, а забележлив е и нејзиниот ефект во третманот на срцеви заболувања, бронхитис, остеопороза и анемија.

Добро измиената зелка, ставете ја во блендер и направете сок околу 50 мл. Додајте 1 јаболко и 50 мл вода. Пијте една чаша од ова смути наутро на празен стомак или помеѓу оброците.

Сладок корен за зајакнување на имунитетот

Слаткиот корен е одличен за имунолошки проблеми предизвикани од хормонални нарушувања и стрес. Слаткиот корен се користи во индустријата како природен и здрав засладувач кој е 30 – 50% посладок од белиот шеќер. Користете го ова растение како природен лек во период од 4 недели.

Сечканиот корен ставете го во 200 мл зовриена вода. Поклопете го напитокот и оставете да отстои 5-7 минути. Потоа процедете и консумирајте го чајот трипати на ден.

Маслото од оригано е одличен природен лек за ослабен имунитет

Маслото од оригано има одлично антибактериско, антивирусно и антифугално дејство, што го прави одличен лек за ослабен имунитет кој се бори против разни болести. Фитохемикалиите во него дејствуваат како антиоксиданти.

Во тегла ставете ги сувите стебленца оригано. Прелијте ја претходно пастеризираната тегла со маслиново масло додека да се покријат сите стебленца диво оригано. Добро затворете ја теглата, повремено протресувајте ја и чувајте ја на суво и темно место во наредните 2 недели.

Внимавајте теглата да не биде изложена директно на сонце. По изминатото време, процедете го маслото и префрлете го во друга чиста тегла. Правете инхалација со неколку капки од маслото во комбинација со вода, а може и да масирате со него на болните зглобови. Маслото чувајте го на истиот начин како и претходно, на суво и темно место.

Постарите луѓе треба да јадат помалку и поразновидна храна како овошје и зеленчук за да ги задоволат дневните потреби на нутриенти во организмот. Кога луѓето ќе навлезат во петтата декада од животот, треба да обратат посебно внимание на исхраната, вклучувајќи ја и хигиената на усната празнина, преку храна со потребниот состав за зајакнување на имунитетот.

Како што стареат луѓето, тие стануваат се почувствителни и болежливи со текот на времето. Појавата на болеста кај постарите лица во повеќето случаи може да се спречи, покрај природните лекови, и со здрава исхрана. Секој имунолошки систем зајакнува со балансирана и разновидна исхрана.

Постојат намирници кои во рецептите на традиционалната медицина особено го зајакнуваат имунитетот со своите состојки. Важни елементи вклучуваат витаминот А, протеини и антиоксиданси (како витамини Е и Ц).

Витаминот А е неопходен за градење на кожата и мукозните мембрани, како атомски бариери и е потребен за производство на антитела во кр-вта. Функцијата на антиоксидансите е да ги одржуваат клетките здрави и да спречуваат тумори. При составување на секое дневно мени, постарите луѓе со послаб имунитет треба да јадат храна што содржи калциум, омега – 3 масни киселини и лесно сварливи влакна.

Луѓето кои имаат здравствени проблеми, треба да се консултираат со доктор при започнување со некоја диета. Особено треба да бидат претпазливи оние кои патат од бубрежни заболувања, висок кр-вен притисок и кардиоваскуларни болести. Менито на исхрана најдобро е да го направи нутриционист кој е запознаен со вашата здравствена состојба. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска