Постојат неколку видови на главоболки со различни симптоми и причини, а најчеста меѓу нив е мигрената. Луѓето кои страдаат од мигрена често не можат да функционираат нормално, да се концентрираат на дневните работни задачи или да се релаксираат пред спиење.

Мигрена е невролошка состојба која се препознава со специфична, интензивна и пулсирачка болка на едната страна од главата, а може да се прошири и на вратот. Мигрената почесто се јавува кај жени, а болката е придружена со бројни симптоми.

Најчестите предизвикувачи на оваа состојба се лошата исхрана, честа изложеност на стресни ситуации и дехидрираност на телото. Мигрена исто така може да биде предизвикана од нарушен сон, па дури и високиот притисок на воздухот е една од можните причини.

Менструалното кр-вавење може да биде придружено со мигрена, како и прекумерно внесување ал-ко-хол. Ако успешно ја откриете точната причина за мигрена, ќе биде полесно да се излекува и да се спречи нејзината појава во иднина.

Првиот и основен знак на мигрена е болка чие времетраење и интензитет варираат. Болката може да се лоцира во пределот на едната страна од главата и задниот дел на вратот. Пациентите со мигрена често се жалат на пречувствителност на светлина (фотофобија) и бучава, како и чувство на гадење. Забележлива е и вкочанетоста во пределот на рацете и нозете.

Лицето кое страда од оваа состојва не може да извршува секојдневни работни задачи нормално, бидејќи симптомите се често многу изразени и непријатни. Во суштина, мигренозните болки се толку силни што го уништуваат квалитетот на животот, што понекогаш е многу тешко да се толерираат симптомите кои ја придружуваат.

Затоа, пациентите кои страдаат од мигрена постојано бараат решение што ќе го отстрани овој здравствен проблем што е можно поскоро.

Леа Харисон (31) страдала две децении од оваа непријатна состојба. На почетокот мислела дека станува збор за тумор на мозокот, но по многу лекарски испитувања и снимања на главата се докажало дека не станува збор за тумор.

Потоа, лекарот ги препознал симптомите и открил дека Леа страда од мигрена. Таа вели дека болката била толку многу силна што ниедно апче на ја смирувало состојбата. „Понекогаш не можев да се извлечам до тоалетот, а најчесто имав и проблеми со видот“ – раскажува таа.

„Никогаш нема да ви се верува како ги намалив симптомите од мојата мигрена. Во мојот случај, главоболката не беше предизвикана од стрес или ал-ко-хол, туку од јадење кое често го консумирав, а верувам дека и сите вие го имате често на вашата трпеза.“

„Многу сакав да јадам макарони со сирење подготвени на кој било начин. Ги обожавав и варени и печени, а ова јадење често го имавме на маса. Никогаш не би помислила дека тестенините и сирењето можат да доведат до мигрена во мојот случај.“

„На почетокот мислев дека имам тумор на мозокот, бидејќи мојот вујко почина од оваа состојба. Уште како тинејџерка страдав од мигренозни болки, а не знаев која е причината за тоа.

При испитување на анализата на кр-вта се покажа дека всушност имам нетолеранција на млечни производи, како и на јајца, квасец, тестенини, кашкавал, млеко и сирење. Не очекував дека ова испитување ќе ми го смени животот. Иако тестенините со сирење ми беа омилена храна, морав веднаш да ги исфрлам од исхраната и да воведам друг начин на исхрана.“

„Можеби звучи чудно, но откога го сменив начинот на исхрана мигренозните болки ги снема после 2 децении откривање на причината. Сега сум посреќна од кога било бидејќи можам да се фокусирам на работата и да не чувствувам замор после ручекот. Повеќе не се плашам дека појавата на мала главоболка ќе ме доведе до страшна и неподнослива болка.”

Леа коментираше за својот случај со многу доктори и таа советува дека мигренозните болки можат да бидат предизвикани од многу причини. Во нејзиниот случај нетолерантноста кон млечните производи и го уни-штила животот, но тоа не значи дека од истата причина патат и други од оваа состојба.

Постојат многу природни лекови кои можат да ги ублажат мигренозните болки и симптомите пропратени со нив, а само малку време ви е потребно за да ги подготвите.

Лаванда за третман на мигрена

За третман на акутна или хронична мигрена, лавандата најчесто се користи во форма на есенцијално масло чиј мирис успешно ги елиминира непријатните симптоми. Слаткиот, специфичен мирис има смирувачко дејство и овозможува брзо олеснување на пациентите со мигрена, преку директно влијание врз нервниот систем.

Употребата на масло од лаванда исто така го подобрува квалитетот на спиењето и го решава проблемот со несоницата. Измешајте лажичка масло од лаванда со лажичка есенцијално масло од нане и нанесете го производот на челото и задниот дел на вратот. Оставете кожата да го апсорбира маслото, а испирањето не е потребно.

Јаболков оцет и неговите активни состојки придонесуваат за ублажување на мигрена

Овој вид оцет е популарен природен лек кој се користи за разни намени, а меѓу другото, неговите активни состојки придонесуваат за ублажување на мигрената, без оглед на причината што ја предизвикува. Ефектот што го произведува е сличен на лековите наменети за брзо ублажување на болката. Исто така, има превентивен ефект поради присуството на калиум.

Разредете три лажици органски јаболков оцет во чаша млака вода. Додајте лажичка мед, промешајте и пијте секое утро половина час пред појадокот. Напитокот треба да го одбегнуваат оние кои имаат проблеми со стомакот. Вдишувањето на мирисот од јаболков оцет исто така помага.

Рузмаринот обезбедува ослободување од симптомите на мигрена

Покрај тоа што овозможува ослободување од симптомите на мигрена, рузмаринот спречува и компликации на оваа главоболка. Ефикасно ја отстранува болката од кој било интензитет.

Рузмаринот ја враќа енергијата и му помага на телото да се опорави од хроничен замор. Исто така ја подобрува концентрацијата и меморијата, успешно го регулира кр-вниот притисок и не дозволува стресот да влијае негативно на телото.

Направете чај од рузмарин мешајќи 200 мл топла и претходно зовриена вода со лажичка суви билки. Оставете го пијалакот да отстои десетина минути, па процедете го и испијте го. Консумирајте 1-2 пати на ден од чајот.

Валеријаната се користи за лекување на мигрена

За лекување на мигрена, се користи коренот на растението, од кое може да се направи чај, тинктура и капки. Компонентите содржани во валеријаната делуваат како седативи и го релаксираат целиот организам.

Овој ефект влијае и на напнатите кр-вни садови и мускули и го обезбедува потребното олеснување. Покрај тоа, валеријаната помага при исцрпеност, стомачни проблеми и последиците предизвикани од психолошки стрес.

Натопете 20 капки валеријана на коцка шеќер. Консумирајте го овој лек трипати на ден во следните две недели. Капките валеријана може да ги пронајтете во продавниците за здрава храна и аптеките.

Ленено семе за мигрена

Омега – 3 масните киселини од лененото семе ги ублажуваат постојните воспалителни процеси во телото и го намалуваат интензитетот на болката што ја придружува мигрена. Овие корисни липиди содржани во семето, исто така ја подобруваат функцијата на мозокот и го намалуваат ризикот од развој на кардиоваскуларни болести.

Измешајте лажичка мелено ленено семе со една банана, два портокали, 250 мл кокосово млеко и 2 чаши свежи сечкани лисја од кељ. Измешајте сè во блендер и пијте го добиениот пијалак секогаш кога ќе почувствувате непријатност.

Лимон за третман на мигрена

Лимонот е вистинска ризница на витамини и природен лек против многу здравствени нарушувања како мигрена. Мирисот на лимон ги ублажува главоболките, а исто така ги спречува негативните ефекти на стресот врз телото.

Измешајте го сокот исцеден од два поголеми лимони заедно со мала количина кора од овој агрум. Додајте две лажички хималајска кристална сол во напитокот. Користете сол што содржи што е можно повеќе магнезиум, минерал кој во голема мера ќе го подобри дејството на лимонот. Додајте 200 мл вода, промешајте и пијте.

Ѓумбирот делува веднаш кога станува збор за мигрена

Коренот на ѓумбир има непосреден ефект кога станува збор за мигрена. Успешно функционира и за хронични главоболки кои имаат тенденција често да се повторуваат. Ѓумбирот ги спречува симптомите на гадење и повраќање кај пациенти кои страдаат од мигрена.

Истурете лажичка ѓумбир во прав во 250 мл врела вода. Поклопете и оставете чајот да отстои 10 минути, а потоа испијте го топлиот напиток. Ѓумбирот има дејство кое веднаш ги намалува мигренозните симптоми.

Кога течноста ќе се олади, додајте сок од половина лимон и пијте 3-4 пати на ден.
NHS (Националниот здравствен центар во Велика Британија) наведува дека диетата може да биде клучна причина за појава на мигрена. Се проценува дека околу 6 милиони луѓе во Велика Британија страдаат од силни главоболки.

Состојката „тирамин“, која се наоѓа во одредена храна, како што е сирењето, чедар кашкавалот и месните производи може да биде проблематична за одредени луѓе и да предизвика мигренозна состојба. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска