Глуварчето е многу скапоцен дар на природата, може да се најде на речиси сите ливади, цвета во април и мај, листовите се берат пред да расцветаат цветовите, а стебленцето се бере за време на цветање, а коренот во пролет и есен.

Глуварчето е распространето растение и најчесто расте на влажни ливади, покрај патиштата и околу населените места. Целото растение е горчливо бидејќи содржи гумена млеч (латекс), кој има најмногу лековити својства.

Коренот содржи и ензими, есенцијално масло, смола, масни киселини, шеќери и многу инулин (до 40% на есен). Листовите содржат витамини А, Ц, Д и Б група, како и минерали железо, магнезиум, цинк, калиум, калциум, манган, бакар.

За првпат се споменува како лек во евиденцијата на арапските лекари во 10 и 11 век, а денес во многу делови на светот, покрај заздравувањето, се користи и во исхраната, бидејќи коренот, стеблото, листовите и цветот се јадливи.

Коренот од глуварче е широко користен во Азија и ова растение се одгледува во Индија како лек за црниот дроб (дисфункција на црниот дроб, цироза, хепатитис и слично).

Покрај тоа, глуварчето се користи за лекување на инфекции, вируси, отоци, задржување на вода во телото. Многу студии покажуваат дека глуварчето го стимулира протокот на жолчката и има благ диуретичен ефект. Ова растение го чисти уринарниот тракт и има корисен ефект врз мочниот меур и бубрезите.

Многу современи лекари денес препорачуваат глуварче за детоксикација на црниот дроб, особено кога се користат синтетички лекови. Глуварчето го намалува нивото на холестерол во кр-вта, го стимулира апетитот и варењето на храната.

Листовите од глуварче содржат витамини А, Ц, Д и Б комплекс, потоа железо, магнезиум, цинк, калиум, калциум, манган, бакар.. Поради големата содржина на хранливи состојки што ги содржи, листовите од глуварче обично се препорачуваат како додаток во исхраната за бремени жени и жени во постменопауза како додаток во салата. Салатата со листови од глуварче е повкусна ако се прави пред да расцвета растението, бидејќи подоцна листовите можат да добијат горчлив вкус.

Свежите стебленца од глуварче можат дури и да ги растворат камењата во жолчката, да го регулираат метаболизмот, да ја прочистат кр-вта и цревата. Народната медицина препорачува стебленца од глуварче во лекувањето на дијабетесот. Свежи цветови од глуварче се користат за производство на сируп за кашлица, мед или маст за лекување на хемороиди.

Чајот од корен од глуварче се користи со векови за нега на лицето и плакнење на очите. Иако фармацевтите ги препознаваат само лековитите својства на коренот на глуварчето (Taraxacum officinale), билкарите тврдат дека сите делови на растението имаат лековити својства и дека овој пролетен цвет е „медицинско чудо“ и „еликсир на животот.“

Поради бројните хранливи состојки, листовите од глуварче, најдобро се комбинираат во салати, се препорачуваат како додаток во исхраната за бремени жени и пост менопауза.

Салатата од овие листови е ценета како прв витамин по долгата зимска, монотона храна. Повкусно е ако се користат листови собрани пред цветање за подготовка бидејќи подоцна стануваат горчливи.

Кога станува збор за глуварчето како лек, познато е дека коренот го стимулира апетитот и варењето на храната, додека листот ја стимулира бубрежната функција и мокрењето.

Глуварчето се користи и за лекување на жолчката и црниот дроб, ја чисти кр-вта, ги намалува покачените нивоа на холестерол во кр-вта, го стимулира протокот на к рв во внатрешните органи, помага при исфрлање на штет-ни материи, му дава дополнителна енергија на организмот и ја отстранува поспаноста и заморот.

Покрај тоа, се користи за лекување на вирусни и бактериски инфекции и олеснување на отокот, како и против задржување на водата во организмот. Тој е одличен бо-рец против вишокот килограми и дава убав тен на кожата.

Лекарите препорачуваат глуварче за детоксикација на црниот дроб по третман со некои лекови, како и во исхраната на пациенти кои одат на зрачење и хемотерапија.
Народната медицина препорачува стебленца од глуварче како одлична помош за лекување на дијабетес.

Билкарите тврдат дека на крајот на април и почетокот на мај, кога ќе процвета, време е секој дијабетичар да започне четиринеделно природно намалување на шеќерот во кр-вта.

Стеблото треба да се собере со се цветот, да се измие и само по миењето на цветот да се откине. Докажано е дека, велат билкарите, ако дијабетичар јаде 10 до 15 стебленца глуварче на ден, тој може целосно да го нормализира шеќерот.

Рецепти со глуварче

I Рецепт: Чај од глуварче

Постапка: Истурете 250 лажички корен од глуварче и / или листови во 250 мл топла вода, оставете да отстои десет минути и процедете го чајот. Пијте чаша наутро и навечер, по можност половина час пред јадење. Се препорачува против проблеми со бубрезите, задржување на вода, целулит и дебелина.

II Рецепт: Против целулит

Подгответе 25 г листови од глуварче, 25 г листови од коприва, 25 г корен од глуварче и 25 г корен од бор. Истурете лажичка од мешавината билки во чаша вода, ставете на оган и варете 20 минути. Оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете. Пијте 2 – 3 чаши чај на ден.

III Рецепт: Чај за деца

Подгответе 25 г лист од маточина, лист од нане, семе од анасон, корен од глуварче и корен од ехинацеа. Одделно измешајте ги корените. Истурете лажичка од мешавината во чаша вода, ставете на оган и варете 20 минути.

Потоа тргнете од оган, оставете чајот да отстои 10 минути и процедете. Помага против сипаници, заушки и настинки. Дајте му на вашето дете една до две чаши на ден.

IV Рецепт: Домашен сируп

Подгответе 250 свежи цветови од глуварче, 1,5 литри вода, 2 лимони, 2 портокали и 1 кг шеќер. Истурете ладна вода во сад со цветови глуварче, додајте исечен лимон и портокал и оставете го да стои поклопен на ладно 24 часа.

По изминатото време додајте шеќер, варете 90 минути, мешајќи повремено, за да формирате густ сируп. Прелијте во тегли и чувајте ги на ладно место. Консумирајте лажичка пред секој оброк за да го регулирате варењето и да го зголемите апетитот.

V Рецепт: Масло за нега

Пополнете половина до две третини од мала тегла со цветови од глуварче. Истурете го маслото (најдобро маслиново) над цвеќето до врвот на теглата, така што целосно ќе ги покриете.

Промешајте ја смесата за да се ослободат меурите од воздух. Ставете газа на врвот на теглата и прицврстете ја со гумена лента или конец. Оставете ја теглата на сончево топло место две недели или додека цветовите да станат кафеави. Потоа процедете го маслото во стерилизирано темно шише. Чувајте го маслото на ладно и темно место.

VI Рецепт: Лек за анемија

Измешајте еднакви делови од лисјата од глуварче, коприва и добрејка. Ставете ги во тегла. Кога правите чај, истурете една лажичка од оваа смеса во чаша топла вода и оставете ја да отстои 10 минути. Пијте три чаши на ден.

VII Рецепт: Лек за холестерол

За чај кој постепено го намалува холестеролот, потребна ви е мешавина од еднакви делови на корен од глуварче и ѓумбир. Истурете лажица од оваа смеса во чаша вода, ставете ја на оган и варете 20 минути. Потоа тргнете од оган, додајте лажичка плод или цвеќе од глог, оставете да отстои уште десет минути и пијте.

VIII Рецепт: Свеж сок
Исцедете три грсти листови од глуварче и 50 мл вода во соковник или исецкајте на електричен миксер и процедете преку тенџере. Чувајте го во фрижидер. Земете три пати на ден на лажичка. Свеж сок е корисен против пролетен замор, го стимулира лачењето на течности, го олеснува артритисот и бактериските белодробни заболувања.

IX Рецепт: Висок шеќер

Измешајте 30 г корен од глуварче, 30 г лисја од боровинка, 15 г семе од анасон и 30 г семе од тилчец. Истурете 1 – 2 лажички со чаша топла вода и оставете 10 минути. Пијте две до три чаши на ден.

X Рецепт: Кафе од глуварче

Измијте ги корените од глуварче, исечете ги и испечете ги во рерна. Сомелете ги во за подготовка на кафето. Зовријте ја водата за кафето, а во него додајте ги сувите стебленца на глуварчето.

Поклопете и оставете да отстои 10 – 15 минути, а потоа процедете и уживајте во вкусниот напиток. Кафето од глуварче може да го замени вообичаеното утринско кафе, а покрај тоа изобилува и со многу нутриенти корисни за вашето здравје.

XI Рецепт: Вино од глуварче

Подгответе 6 литри вода, 20 чаши свежо цвеќе од глуварче, 2,5 кг шеќер, 2 лимони, 2 портокали, 20 г квасец и малку грозје. Истурете топла вода во садот со глуварче, поклопете го и оставете да отстои 24 часа.

Процедете ги и додајте сок и кора од лимон и портокал и шеќерот. Гответе 10 минути, процедете, изладете го и промешајте го во квасецот. Оставете во тенџерето додека да се појават меурчиња, а потоа прелијте во шишиња и запечатете ги со меки капачиња од бела хартија.

Почекајте неколку недели за да ферментира, ставете малку грозје во секоја тегла и затворете ги со капак. Виното се пие по шест месеци.

XII Рецепт: Воспаление на црниот дроб

За хронично воспаление на црниот дроб, треба да земате 5 – 6 свежи цветни стебленца на ден во сурова форма. За нарушувања на црниот дроб, исто така, сварете 25 г лисја и иста количина корен во еден литар вода. Варете половина час. Пијте една чаша од овој пијалак пред секој оброк.

XIII Рецепт: С трес и главоболки

Истурете половина лажичка корен од глуварче, половина лажичка кора од бела врба во чаша вода, ставете на оган и варете 20 минути. По изминатото време тргнете од оган, додајте половина лажичка камилица и половина лажичка нане, оставете да отстои уште десет минути и процедете.

XIV Рецепт: Габични инфекции на кожата

Нанесете го млечниот сок од глуварчето што се создава кога ќе го ск-ршите, неколку пати на ден на б олното место. Габичните инфекции треба да исчезнат по еден месец.

XV Рецепт: Камења во жолчката

Потребни ви се 40 г корен од глуварче, 40 г цикорија и 20 г нане. Измешајте сè и ставете во тегла. Кога подготвувате чај, земете 3 чаши од смесата, истурете еден литар зовриена вода, поклопете го и оставете да отстои 2 часа. Пијте една лажица на секои два часа.

XVI Рецепт: Зелено смути за сла-беење

Потребна ви е една банана, 300 мл вода, 100 г бобинки (свежи или замрзнати), 100 г лисја од глуварче и лажичка мед по желба. Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте ги 1 – 2 минути. Испијте го сокот веднаш, во мали голтки. Може да послужи и како замена за еден оброк.

XVII Рецепт: Мед од глуварче

Подгответе 500 цветови од глуварче, 4 големи лимони, еден литар вода и 5 кг шеќер. Ставете ги цветови во голема чинија и истурете ладна вода (1 л). Исечете го лимонот на парчиња и натопете ги со цвеќето и оставете да отстои 24 часа.

Изг-мечете ги цветовите и добро процедете. Загрејте ја процедената течност и додајте килограм шеќер. Измашајте и варете додека да се згусне медот.

XVIII Рецепт: Сладок ликер

Подгответе 50 цветови од глуварче, 60 г мед, 1 кг шеќер, лимон, еден литар домашна ракија или вотка. Ставете глуварче во тегла, истурете мед (ако е кристализиран, загрејте го да се стопи) и шеќер.

Ставете го лимонот исечен на тенки прстени и истурете ракија. Оставете го да отстои на темно и топло место две недели, потоа процедете го и истурете во шишиња.

XIX Рецепт: Чај од корен од глуварче

Коренот од глуварче е моќен лек за црниот дроб и цревата. Шест чаши чај со корен од глуварче на ден може да излечи хепатитис во рок од две недели. Фитотерапија со овој чај лечи секакви заболувања. Се препорачува за правилно варење на храната, недоволно лачење на жолчката, висок кр-вен притисок и недостаток на апетит.

XX Рецепт: За подобар вид

Измешајте 50 г лисја од глуварче, 25 г суви боровинки. Истурете лажичка корен од глуварче во чаша вода, варете 20 минути и тргнете го од оган и оставете да отстои уште десет минути. Овој чај е богат со бета – каротен и лутеин и ја стимулира циркулацијата во пределот на очите. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска