Рецепт на Јелена од Јеца Сваштарица. Здраво на сите! Нема да ви се верува во овој рецепт кој денес ќе ви го покажам. Посен ролат кој се подготвува за 5 минути. Може ви звучи чудно, но навистина се подготвува за 5 минути, со тоа што е потребно уште некое време да отстои во фрижидер да се стврдне.

Овој посен и кремаст ролат е неверојатно вкусен и се топи во уста, а кога и да ви се пријаде нешто слатко, овој банана ролат е одличен рецепт за да подготвите нешто набрзина. Кога и да ви дојдат ненадејни гости, само пикнете се во кујна и за неколку минути ролатот е готов, а додека гостите да го испијат кафето тој веќе ќе биде стврднат.

Ролатот не се пече и не се потребни многу садови за да го направите, така што нема да извалкате многу садови, а на трпезата ќе имате совршен чоколаден посен ролат. Се јаде веднаш бидејќи е толку многу вкусен, а од што е толку убав, понекогаш ќе треба да ја дуплирате дозата.

Потребни состојки: 300 г посни мелени бисквити, 200 мл сок од јаболко (може и друг сок по избор, но треба да биде свежо исцеден), рендана кора од 1 портокал, 100 г црно посно чоколадо, 100 мл вода, 200 г посен шлаг, 100 г кокос, 2 банани.

Постапка: Во подлабок сад додајте ги мелените бисквити. Потоа во садот додајте го свежо цедениот сок. Јас исцедив сок од јаболко – 200 мл. Може да исцедите и друг сок, но со јаболко е најубав ролатот.

Во сад додајте ги мелените бисквити, топеното чоколадо, јаболковиот сол и ренданата кора од портокал

Во истиот сад додајте 100 г топено посно чоколадо. Со маталка измешајте ги состојките додека да добиете соединета смеса. Во садот изрендајте и кора од портокал која треба претходно да биде истретирана со сода бикарбона и вода, доколку не е органска.

Измешајте додека да се формира смеса

Повторно промешајте. Потребно е да добиете една целосна смеса. Во друг сад направете го шлагот според упатствата на ќесичката. Јас додадов во прашокот 100 мл вода и го изматив со миксер. Во шлагот не додадов шеќер, но затоа додавам 100 г кокосово брашно и повторно се меша.

Подготовка на шлагот со кокос
Подготовка на шлагот со кокос

На проѕирна фолија ставете ја смесата од бисквити која претходно ја направивте, завиткајте ја со фолијата и со помош на оклагија развлечете ја кората додека да формирате правоаголна смеса.

На проѕирна фолија ставете ја кората со бисквити, завиткајте ја и развлечете ја со оклагија

Врз кората ставете го белиот фил кој претходно го подготвивте од шлагот. Распоредете ја смесата подеднакво по целата должина на кората со помош на задниот дел на супена лажица.

Формирајте правоаголна кора
Додајте го шлагот со кокос и убаво распоредете го подеднакво

На крајот се додаваат бананите. Бананите се ставаат цели, едната на едниот крај, а другата на другиот крај на кората. Ролатот започнете да го формирате со проѕирната фолија од долната страна.

Бананите ставете ги на двата краеви

Овој ролат го виткам до половина, а потоа се повторува истата постапка и од другата страна на бананата. На овој начин ќе добиете 2 ролати кои може да ги пресечете на парчиња.

Ролатот свиткајте го до половина со помош на фолијата, а потоа повторете ја истата постапка и на другата страна

Ролатот се става во фрижидер да се стврдне. Доволно е да отстои 1 час пред да се послужи. Пресечете го ролатот по желба. Одозгора ролатот може да го прелиете со растопено чоколадо.

Потребно е ролатот да отстои најмалку 1 час во фрижидер пред послужување

Може да наросите и малку мелени бисквити. Вкусот е предобар, мора да го испробате овој рецепт. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.

II Рецепт: Ролат – обланда, излегува навистина многу, превкусно и декоративно

Ролат со обланди, излегува навистина многу, превкусно и декоративно. Фотографија и рецепт на Зорка Јанчева. Потребни состојки (за една кора, потребни се две): 5 јајца, 4 филџани за кафе шеќер (или 5), 5 брашно, 2 лажички прашок за печиво (може и една цела кесичка),

Потоа, 2 лажички ванилин шеќер, 1 филџан масло, 1 филџан млеко, 1 пакување обланди. И уште: џем од кајсии или шипки или било кој друг. За фил: 1 литар млеко, 400 г шеќер (2 големи лажици брашно), 1 пудинг од чоколадо (или 2 пудинг од ванила) и 250 г маргарин / путер.

*филот се прави на крај, пред виткање на корите во обланда. Постапка: Се матат јајцата со шеќер и ванилин шеќер, па се додава постепено маслото и млекото и на крај брашното помешано со прашокот за печиво. Се прават две вакви смеси, а во едната се додава 2 лажици какао.

Корите се печат 15 минути, прво на 250, па на 200 и на крај на 150 степени. I начин: Печените кори кога ќе изладат се премачкуваат со џем, се редат една врз друга за да се залепат, обично врз жолтата се става кафеава кора, се оставаат малку да впијат џем, па се сечат на десет ленти).

За фил: Се меша пудингот со брашното и една лажица шеќер. На ова се додава малку од млекото и се меша да се добие смеса без грутки. Потоа млекото, путерот и останатиот шеќер се ставаат на оган да зоврие. Во зовриеното млеко се додава смесата и се меша додека да згусне.

II начин за фил: Се прави карамел од шеќерот, се става млекото, па кога ќе проврие се додава изматениот пудинг со малку млеко, па кога филот ќе згусне, додека е врел во него се додава 250 г путер и се меша уште 2 – 3 минути. Според вториот начин: Секоја кора се сече на 10 ленти.

Обландата се мачка со врелиот фил, а потоа се става една жолта, една кафеава, се мачка со фил, па потоа одозгора се редат спротивни бои: врз кафеавата лента се става жолта, а врз жолтата – кафеава. Потоа се филува и се витка обландата во коцка. Се остава во фрижидер да се стегне. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска