Лековитата билка здравец (гераниум) помага кај свежи рани, убоди од отровни змии, отоци, фистули, хемороиди, внатрешни рани и повреди, забоболка и други болести во усната шуплина.

Оваа исклучително лековита билка помага и кај болести на очите, жолтица, водени болести, болести на мочен меур, а исто така, ја јакне крвта. Отецот Јуро Марчинковиќ покажа како можат да се приготват чаеви, бањи, облоги, маст и тинктура за споменатите болести.

Целата билка здравец е лековита, од коренот до листот. Надземниот дел се бере во текот на цветањето. Се суши на проветно место под сенка. Но, најдобро е да се користи свежа билка, бидејќи тогаш содржи значително повеќе етерични масла.

Содржи и горчливи материи кои се многу корисни за жолчката и органските киселини. Билката меѓу другото помага да се исфрли вишокот насобрана слуз, бубрежни и камчиња од мочниот меур. Нашите предци најмногу ја користеле за стопирање на крвавење.

Се нарекува и „женска билка“, затоша што е исклучително делотворна кај нередовен менструален циклус и ја намалува преобилната менструација. Многумина ја користат со голема успешност кај неплодност, при што двајцата сопружници треба секојдневно да пијат чај во подолг период.

Исклучително е лековита маста која успешно ги лечи сите рани, особено кај дијабетичарите, егземи и разни загноеници како што е чест случај кај сраснатиот нокт на стапалата.

ЧАЈ ОД ЗДРАВЕЦ: две чајни лажички сува билка или една лажичка сув корен од оваа билка ставете во 250 мл зовриена вода. Промешајте и поклопете и оставете да отстои 5 минути. Ако сте користеле сув корен, тогаш оставете да отстои 15 минути.

Потоа процедете и пијте по една шолја од овој чај, двапати дневно. Овој чај е лековит кај брачните парови кои не можат да имаат деца. Кај нив терапијата трае три недели, а секој ден треба да пијат по три шолји од овој чај.

Потоа се прави пауза од една недела, па се повторува по истиот редослед додека има потреба. Со овој чај се прави гаргарење за дезинфекција на усната шуплина и грлото. Може да се прави и одвар.

ЗА ОДВАР: 2 лажици сува билка (или 4 лажици свежа) се става во 200 мл ладна вода. Откако ќе зоврие се остава да се вари 15 минути на ниска температура. Се трга настрана, се поклопува и се остава половина час. После се процедува. Се гаргара со топол одварок.

КОМБИНАЦИЈА ОД ЗДРАВЕЦ И КАМИЛИЦА: земете еднакви делови од двете билки и измешајте ги. Две чајни лажички од мешавината ставете во 250 мл ладна вода. Промешајте и ставете на оган. Штом зоврие варете уште 5 минути на ниска температура.

Тргнете настрана, поклопете и оставете половина час, па процедете. Со овој одвар се испира усната шуплина при постоење на ранички, во текот на целиот ден.

КОМБИНАЦИЈА ОД ЗДРАВЕЦ, БОЗЕЛ И ЖАЛФИЈА: Измешајте еднакви делови од трите билки. Две полни до врв чајни лажички ставете во 250 мл врела вода. Промешајте, поклопете и оставете 5 минути, па процедете. Се пие половина литар од овој чај дневно.

ОВОЈ ЧАЈ ги растопува и исфрла камчињата во бубрези и мочниот меур. Ја исфрла внатрешната натрупана слуз. Помага кај внатрешни рани, крвавења, жолтица и водени болести.

БАЊА ОД ЗДРАВЕЦ: Свежа или сува билка се вари како бања за отстранување на хемороиди (ладна). Во три литри вода ставете 2-3 полни раце ситно сечкана свежа или сува билка. Промешајте и ставете на оган.

Варете на тивок оган 5-10 минути, тргнете настрана, поклопете и оставете половина час. Потоа процедете и сипете во леген. Седете во ладната бања 20 минути. Не се одмивате после оваа бања. Се повторува секоја вечер додека да се повлечат хемороидите.

ОБЛОГИ: Земете грст ситно сечкана свежа или сува билка, ставете во едно тенџере и прелијте со 500 мл јаболков оцет. Варете на ниска температура 10 минути. Тргнете настрана, поклопете и оставете 20-30 минути.

Процедете и направете облоги кои се ставаат на табаните/стапалата при грозница со висока температура. Повторувајте неколкупати, особено пред спиење.

СИТНО СЕЧКАНА, ТОЛЧЕНА ИЛИ МЕЛЕНА ВО БЛЕНДЕР: Се нанесува како облога (каша) на врат при забоболка или увоболка и кај разни кожни заболувања.

МАСТ ОД ЗДРАВЕЦ: 3-4 полни раце ситно сечкана билка (надземен дел) ставете во тенџере и додајте 1 кг несолена свинска маст. Ставете на оган, па штом се растопи маста и зоврие, намалете ја температурата и гответе уште 10 минути со непрекинато мешање.

Тргнете настрана да се олади преку ноќ. Повремено промешувајте. Следниот ден растопете ја маста на тивок оган, па процедете низ чиста газа. Складирајте во соодветни садови со капак. Оваа маст се употребува при разни гнојни рани и други болести на кожата.

ТИНКТУРА: Ситно сечкана билка ставете во шише со широко грло или тегла и прелијте до врв со препечена лозова ракија (пола центиметар над билката). Затворете, протресете и оставете 6-8 недели на топло место или сонце (да се внимава да не е пресилно, зашто може да пукне стаклото).

Секој ден протресувајте го, а по изминатото време процедете. Складирајте ја тинктурата во чисто шише. Кај проблеми со ушите се капнуваат неколку капки и се поставуваат облоги. Кај зуење (тинитус) се користи подолго време додека зуењето да престане.

Златните совети на отецот можете да ги слушнете ОВДЕ. Неговите лековити рецепти со билката ајдучка трева можете да ги прочитате ОВДЕ. (NMD.mk) Лековитите рецепти за цироза на црн дроб прочитајте ги ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. НАПОМЕНА: Пред употреба на препарати од народната медицина советувајте се со вашиот лекар.

ЦИРОЗА НА ЦРН ДРОБ: Златни совети и природни лекови