Цироза е хронично воспаление на црниот дроб поради кое доаѓа до распаѓање на црнодробните клетки и пореметување на протокот на кр-вта во црниот дроб. Најчестите причинители се ал-кохолизмот и вирусните црнодробни воспаленија (хепатитис Б и Ц).

Иако не постои научно докажан лек кој ја лекува цирозата, сепак, со бројни природни лекови може да се успори напредувањето на болеста, но и да се подобри работата и функцијата на црниот дроб. Во продолжение прочитајте ги златните совети на отец Јуро Марчинковиќ.




„Докажано е дека третина од ал-кохоличарите добиваат ал-кохолен хепатитис кој преминува во цироза на црниот дроб“, вели отецот и ги објасни симптомите: хронична изнемоштеност и умор, губење на телесна тежина, покачена телесна температура, жолтило на лицето, појава на црвени дамки на кожата.




„Ако цирозата дојде во напредната фаза, тогаш доаѓа до собирање на течност во желудникот. Многу е важно лицата кај кои е дијагностицирана цироза на црн дроб, да ги конcyмираат следните намирници:

Многу е важно секој ден да јадат доста свежо овожје и зеленчук, да јадат полумасни млечни производи (млеко, јогурт, сирење), немасно животинско месо, првенствено телешко и јагнешко, но по можност месото да биде варено, а не печено или пржено.




Потоа, добро е да јадат варена или печена немасна риба (морска или слатководна), потоа тврдо варени јајца или јајца на око, пире од компир, путер, компот и свежо исцедени сокови од овошје и зеленчук, нерафинирани масла, свежа зелка, морков, портокал, артичока, цикорија, јагоди, цреши, зелена салата, пивски квасец, јаболка, лимон, домати и боровница…“отецот ги наброја најважните намирници и продолжи:




„Многу е важно да се внимава да не дојде до насобирање на вода во желудникот, па затоа треба да се намали внесот на течности во организмот на еден литар дневно, а максимално до еден ипол литар. Исто така треба секојдневно да се одбегнува употребата на сол.




Лицата кои боледуваат од цироза на црн дроб треба да го одбегнуваат свежиот леб, полномасните млечни производи, масните меса, димените меса и сите преработки од меса (конзервирани, сувомеснати), мајонези, кисела зелка, кисели краставички, кељ, сирова пиперка и пржен компир. Особено треба да се одбегнуваат ладни и газирани пијалаци.




Исклучително многу помагаат мешавини од лековити билки кои можат да се наберат од еколошки чиста средина или да се набават од проверен билкар или Билна аптека. Една таква мешавина е составена од следните билки: Петровец (agrimonia eupatoria), ајдучка трева и коријандер.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 60 г петровец, 40 г ајдучка трева (цвет и лист) и 20 г семе од коријандер. Постапка: добро треба да се сомеле и да се добие прав. Од мешавината се зема наутро на гладно половина мала лажичка и навечер пред спиење исто така, половина мала лажичка.




Постапката се повторува додека да се потроши целата мешавина. Откако ќе се земе половина лажичка од мешавина, се пие следниот чај од Магарешки трн (Silybum marianum) кој се приготвува на следниот начин: една до врв полна чајна лажичка семе од магарешки трн се прелива со 200 мл врела вода. Се остава поклопено половина час, по што се процедува и се пие топол, на голтки (наутро и навечер по една шолја).




Кај цироза на црн дроб многу помага чај од жалфија. Се приготвува на следен начин: една полна мала лажичка жалфија се прелива со една шолја врела вода. Оставете поклопено само 3 минути (никогаш подолго од три минути! затоа што ќе се ослободи една состојка која може да предизвика опстипација).

Потоа процедете во стаклена чаша под која сте ставиле влажна крпа за да не пу-кне. Дневно треба да се испијат три шолји чај од жалфија, во текот на три седмици, по што се прави пауза од една седмица, а потоа се повторува уште три седмици. Исто така, многу е важно, трипати во денот да изедеме по еден свеж лист жалфија, во период од 12 седмици.




За здравје на црниот дроб, исто така треба да се пие чај од мајчина душичка. Две мали лажички сува билка се прелива со 200 мл врела вода. Се промешува, поклопува и се остава 5 минути.

Потоа се процедува и се пие топол, трипати дневно, наутро на гладно, преку ден и навечер. После три седмици се прави пауза од една седмица, па се повторува. Бремени жени и мали деца треба да го одбегнуваат овој чај.

Чајот од коприва исто така се препорачува за црн дроб: на 200 мл врела вода се ставаат две супени лажици сува билка. Се поклопува и се остава најмалку половина час. Потоа се процедува и се додава сок од еден лимон.

Оваа количина се пие наутро на гладно, топло, на голтки. Во текот на денот треба да се испие уште еден ваков напиток и навечер пред спиење. Се пие во период од три седмици, по што се прави пауза од 7 дена, па се повторува.




МЕШАВИНА ОД БИЛКИ: 60 г нане (метвица, мента), 50 г коњско опавче (преслица), 40 г ајдучка трева, 30 г маточина, 20 г кора од храст, 20 г тегавец и 10 г пелин. Сите состојки добро се мешаат. На еден литар ладна вода се ставаат четири супени лажици од мешавината.

Добро се промешува, се поклопува и се остава преку цела ноќ. Наутро се става на оган. Кога ќе зоврие се исклучува ринглата и се остава поклопено уште 10 минути. Се процедува и во текот на денот се пие целата количина.

Постапката се повторува секој ден додека да се потроши целата количина, по што се прави пауза од една седмица, по што се повторува уште еднаш. Остатокот од рецептите можете да ги слушнете во видеото ОВДЕ.