Ајдучката трева (столисник) е многу отпорна и адаптибилна билка која може да се најде во секој крај. Поседува бројни лековити својства, а според отецот Јуро Марчинковиќ оваа билка е лек за сите болести од глава до пети.

Отецот го споделува своето знаење со неговите читатели и гледачи преку свои видеа, а го следат луѓе од целиот свет. Во продолжение прочитајте ги неговите совети како да ја препознаете ајдучката трева во природата, како се приготвуваат лекови од неа и за што сè помага.

Ајдучката трева има дршка од која се разгрануваат мали гранчиња „накитени“ со многу ситни ливчиња од двете страни. Поради тоа го добила и своето народно име – столисник. На врвот се наоѓаат малите бели цветчиња кои формираат цела главица-соцветие.

Ајдучката трева може да се препознае и по своите етерични масла кои ги испушта во воздухот, но овој начин на препознавање е за поискусните билкари. Расте низ целиот свет, а на отецот му е една од омилените билки.

Лековитиот дел на ајдучката трева се разгранетите ливчиња и белите (и жолти), нежни цветови. Билката се собира во време на цветање, а тоа е во летниот период од 6-от до 10-от месец во годината.

Кога ќе се набере билката, потребно е да се врзе во снопчиња кои треба да се закачат на проветно, топло и суво место за убаво да се исушат, а сепак да ги сочуваат лековитите состојки. Се остава 3 дена на сушење, најчесто попладне кога сонцето е најсилно, во период кога нема врнежи.

Ајдучката трева има голем спектар на болести кои ги лекува како: лек за б олна мен-струација, неугодно мокрење, инконтиненција и ноктурија, внатрешно кpвавење, ревма, хемороиди, песок во бубрези, затнати вени и „бело пpање“ односно, инфекции кај жените.

„Со причина нашите баби нè тераа да пиеме чај од ајдучка трева“, продолжува отецот. „Тие секогаш ни велеа, доколку сакаме да бидеме здрави како дрен, треба да го пиеме овој чај.“

Подготовка на чај: По сушењето на билката, таа се мели во прав или се ситни многу ситно, па во 200 мл зовриена вода се додава 1 полна лажичка. Се промешува и се поклопува, па се остава чајот да отстои 15 минути. Потоа се процедува и се пие во текот на денот во голтки.

За здравје и лекување на сите женски болести, вклучително и болести со црниот дроб, затнати вени, воспаление на бели дробови и хемороиди, потребно е да се пие 2-3 шолји од овој чај во текот на денот. Покрај тоа чајот не треба да се засладува, се пие без додатоци за најголем ефект.

За жени пyшачи, се препорачува секојдневно да го пијат овој чај бидејќи кај нив долниот дел од стомакот има послаба циркулација, па поголема е веројатноста да се развијат цисти и миоми. Затоа жените треба да пијат секојдневно по 2 чаши од овој чај.

Истото важи и за жени кои имаат проблем со зач-нување и кај мажи кои се неплодни. Овој чај ја поттикнува циркулацијата, а потребно е да го пиете секој ден во период од неколку месеци за да може да зачнете“, советува отецот.

За поконцентирана количина од оваа напивка се препорачува сокот од свежа ајдучка трева. Во блендер се ставаат цветовите и листовите (околу 250 г), па одозгора преливате со 100 мл провриена вода. Уште поефикасно е доколку ставите од чајот од ајдучка трева кој претходно сте го направиле.

Целата смеса се блендира, па се процедува низ газа. Се кoнcyмиpaaт по 3-4 супени лажици за лекување на внатрешни болести, а може сокот да се применува како облога за кожни проблеми.

Остатокот од сокот кој останал на газата, не го фрлајте туку искористете го за премачкување на акни или доколку имате масна кожа. Оставете да делува 2 часа, а потоа исплакнете со млака вода. Овој сок може да стои 3 дена во фрижидер, а терапијата се применува најмалку 3-4 дена.

За слаб апетит, кpвава столица и воспаление: 500 мл бело квалитетно вино се вари заедно со 2 полни лажици сува ајдучка трева (или двојно повеќе доколку користите свежa билкa), околу 10-тина минути на тивко.

Потоа се остава да се излади, па се процедува и се пие 1/4 од направената количина. Терапијата трае 1 седмица, па се прави пауза 1 седмица и се повторува на овој начин уште трипати по потреба.

Овој лек може да се користи и при песок и ситни камчиња во бубрези, но никако за поголеми камења, бидејќи може да предизвика ком-пликации.

Останатите лекови за подготовка на тинктура и маст од ајдучка трева може да ги погледнете во видеото ОВДЕ. НАПОМЕНА: Пред употреба на препарати од народната медицина, секој треба да се советува со својот лекар.