Фото и рецепт на Ивана – Божиќен куглоф со суво овошје.

Може да се приготвува во калап за куглоф или било каков калап. Ако го печете во правоаголен калап, тогаш можете да го сечете на коцки. Како и да одлучите ќе добиете прекрасно печиво од кое ќе ви замириса домот неодоливо.

Потребни состојки:

120 г омекнат путер, 6 лажици масло, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 прстофат сол, 2 јајца, 250 г свежо полумасно сирење, 370 г брашно, 1 прашок за печиво, 5 лажици млеко, 150 г суви кајсии (омекнати во ликер), 100 г суво грозје (омекнато во ликер) и шеќер во прав за наросување.

Постапка:

Намастете го и набрашнете го калапот за куглоф. Сувите кајсии исечкајте ги. Омекнатиот путер изматете го пенасто со миксер. Едно по друго додавајте и матете: масло, шеќер, ванилин шеќер и сол.

Миксајте додека сите состојки да се соединат.
Додадете едно јајце и матете половина минута со најголема брзина, па додадете го второто јајце. Брзо додадете го и изматете го сирењето.

Промешајте го брашното и прашокот за печиво, просејте ги, па половината додадете ја во смесата матејќи на средна брзина.

Додадете млеко, па втората половина од брашното. Сувото грозјте и исечканите суви кајсии додадете ги и измешајте ги со најмала брзина.

Тестото излејте го во калапот и израмнете. Печете го 60-тина минути во загреана рерна на 180 степени. Печениот куглоф оставете го 10 минути во калапот, а потоа извадете го на решетка.

coolinarika.com