Чистењето на белите дробови овозможува да го ослободите овој важен орган од катранот и токсините, да го намалите ризикот од појава на инфекции и рак, да го зголемите капацитетот и да го подобрите општото здравје на респираторниот систем.

Чистење на белите дробови особено им се препорачува на активните и пасивните пушачи и луѓето кои живеат во подрачја со загаден воздух. Особено треба да го практикуваат луѓе живеат во градови со загаден воздух а имаат чувствителни бели дробови или веќе претрпеле некоја белодробна болест. Постојат четири основни методи со чија помош можете да ги исчистите белите дробови… Научете како правилно се дише, што треба да јадете и кои билки на кој начин да ги употребувате!

I.Вежби за дишење

Вежбите за дишење се еден од најдобрите начини за чистење на белите дробови. Не мислиме на обичното „длабоко“ дишење, туку на специјален вид вежби кои овозможуваат детоксикација на белодробните крила. Ќе ви опишеме една од нив:

Оваа вежба темелно ќе ги исчисти вашите бели дробови, но потребно е да ја правите наутро кога воздухот е свеж и чист за да ви осигура одличен почеток на денот.

1.Во стоечка положба опуштете се, со рацете од страна а нозете малку раздвоени.

2.Неколку пати длабоко вдишете и издишете низ нос.

3.Сега вдишете низ нос и полека издишете низ уста, се додека да го испразнете сиот воздух. Но не застанувајте овде, бидејќи во реалноста, во белите дробови секогаш заостанува уште малку воздух, па така, тој секогаш останува таму непроменет додека ние дишеме. Сега, натерајте ја вашата дијафрагма да ја истисне и оваа мала преостаната количина воздух: неколку пати издишете со звучно „ха…ха…ха“, се додека да почувствувате дека во белите дробови навистина нема повеќе воздух.

Во тој миг ќе почувствувате како вашиот стомак се вовлекува навнатре.

4.Низ носот, полека вдишете свеж, чист воздух во празните бели дробови.

5.Наполнете ги белодробните крила до крај, а потоа задржете го воздухот 5 секунди, полека броејќи 1…2…3…4…5. Во овој миг, кислородот ги исполнил вашите бели дробови, и секоја клетка во организмот.

6.Повторно издишете низ уста, се додека да го испразните целиот воздух и повторете „ха…ха…ха“ за да го исфрлите и преостанатиот воздух од белите дробови.

Вратете се на чекор 4.

Повторувајте ја вежбата неколку пати. Покрај тоа што ги прочистува белите дробови, оваа вежба ќе ви обезбеди и цврст и рамен стомак.

Доколку почувствувате болка при вежбата, прекинете, а повторете ја кога за тоа ќе бидете подготвени.

II.Инхалација со етерични масла

Редовно (2-3 пати седмично) правете инхалација со етерични масла: еукалиптус, пеперминт, рузмарин или мајчина душичка. Тоа ќе ви помогне брзо да ги исчистите белите дробови од токсини и вишок слуз. За таква инхалација не е потребно да купувате специјализиран уред.

Едноставно загрејте вода во тенџере и во неа додадете неколку капки природно етерично масло. Вдишувајте од топлата пареа која веднаш ќе делува пријатно и релаксирачки, па ќе ги олесни проблемите со дишењето.

Може да се користи и при грип, настинка, бронхитис, ларингитис и други респираторни тегоби.

III.Корекција во исхраната

Како и секое друго чистење на организмот, така и чистењето на белите дробови вклучува корекција во исхраната. Здравата исхрана е многу важна бидејќи ги придвижува природните механизми за чистење на телото и јакнење на имунитетот. Во текот на чистењето се препорачува зголемен внес на течности (вода, овошје и зеленчук). Некои намирници се од особено значење за здравјето на белите дробови:

Чили: лутата храна како што е чилито помага во разградување на вишокот слуз во белите дробови и општо во организмот. Токму затоа, кога јадете лута храна, може да ви протече носот. На истиот начин лутата храна делува и врз вишокот слуз и катран во белите дробови и помага во нивна полесна елиминација.

Вода: Да, обичната вода е најдоброто средство за чистење на организмот! Обидете се да не внесувате газирани пијалаци, кафе или алкохол. Дајте и предност на обичната чиста вода. Добрата хидратација е клучна за здравјето, бидејќи го забрзува процесот за чистење на организмот од токсини.

Кромид: Оваа универзална билка е богата со многу важни нутриенти. Спречува појава на многу болести, вкучувајќи и рак и инфекции на белите дробови, помага во разградувањето на слузта и исфрлањето на токсините од организмот.

IV.Билки кои помагаат во отстранување на катранот, токсините и вишокот слуз

Поточарка (Nasturtium officinale)

Многумина алтернативци сметаат дека поточарката е неизбежна во процесот на чистење на белите дробови. Од поточарката се прават едноставни и вкусни јадења, кои ефикасно ги чистат белите дробови од токсини.

Оваа супа се препорачува да се јаде двапати месечно, посебно за активните и пасивните пушачи.

Потребни состојки:

1 кг поточарка (цветови и стебленца)

2 чаши урми

4 чаши вода

Постапка:

Сите состојки ставете ги во тенџере на тивок оган. Кога ќе зоврие, намалете го огнот и варете минимум 4 часа. Ако на површината од супата се појави пена, слободно отстранете ја со лажица. Кога супата ќе биде готова, зачинете по вкус.

Оваа супа можете да ја сервирате со ориз и други јадења.

Напомена: Многу е важно да употребувате точни пропорции од намирниците и супата да ја готвите најмалку четири часа.

Ѓумбир

Ѓумбирот е моќно средство за детоксикација на белите дробови. Можете да го користите на повеќе начини. Чајот од ѓумбир со лимон – го олеснува дишењето и ја забрзува елиминацијата на токсините од дишните патишта. Можете да направите и топла бања со ѓумбир во прав, во времетраење од 20 минути. При тоа, ќе го поттикнете потењето а порите ќе се отворат, со што полесно ќе се елиминираат токсините, а пареата која ќе ја вдишувате ќе го олесни дишењето.

Со секој оброк изедете по едно мало парче свеж ѓумбир. Тоа ќе ја подобри вашата дигестија и ќе допринесе во чистењето на организмот.

Лопен или Дивизма (Verbascum phlomoides)

Чајот од Лопен го олеснува дишењето кај лица кај кои белите дробови се запушени од катран и токсини, што е вообичаено за пушачите. Бидете внимателни- добро процедете го чајот, зошто и најмалите влакненца од билката можат да предизвикаат иритација ако се проголтаат.

Ува и Подбел (Tussilago farfara)

По престанокот на пушењето многу е важно да се исчистат белите дробови од сите токисни кои носат потенцијален ризик од рак. Подбелот и увата се многу популарни меѓу пушачите, бидејќи овозможуваат таков вид на детоксикација. И не само тоа- овие билки го јакнат и го негуваат целиот респираторен систем.

Останати билки:

Горчица (Marrubium vulgare), коприва, корен од лотус, пискавица (fenugreek), евкалиптус, goldenseal и пеперминт се исто така корисни за детоксикација на белите дробови.

Што треба да се одбегнува при чистење на белите дробови?

Одбегнувајте преработени намирници, посебно бело брашно и шеќер, млеко млечни производи кои го поттикнуваат создавањето на слузта во организмот. Ослободете се од стресот, оставете ги цигарите и не престојувајте во зачадени простории.