Фото и рецепт: Иванка Цизмиќ – Ова е многу стар рецепт, но многу добри и вкусни ситни колачи. Кој не ги правел, топло му ги препорачувам!

Потребни состојки: 200 г мелени биксвити, 200 г чоколадо (јас користам црно, а кој сака послатко, тогаш млечно), 6-8 рамни лажици шеќер во прав, 200 г путер
околу 100 г ореви, бадеми, лешници…што имате (јас се’ измешав и сомелив), околу 2 лажици рум или по вкус.

И уште околу 50 г мелени јаткасти плодови за валкање на топчињата. Постапка: Оревите (или лешниците, бадемите или микс) сомелете ги, а исто така и бисквитите. Чоколадото изрендајте го или растопете го на пареа. Путерот оставете го на собна температура или на топло за да омекне.

Потоа во него додадете шеќер во прав и со миксер или маталка убаво промешајте за да се изедначи. Кога ќе го изматите путерот и ќе стане кремаст, додадете ги сувите состојки и чоколадото, па убаво промешајте. Рум се додава само доколку вие сакате, тоа е по вкус.

Добиената смеса малку оставете ја во фрижидер (не мора, но помалку лепи), па потоа кинете парчиња и обликувајте топчиња со величина по ваша желба. Топчињата валкајте ги во мелени ореви, бисвити, чоколадни трошки… и оставете ги во фрижидер за да се стегнат убаво.

Фото и рецепт: Иванка Цизмиќ