Вкусна пита со ајвар – готова е само за 10 минути

За да ја приготвите оваа пита навистина ви се потребни само 10 минути. Тое е еден вид Шпанска пита со ајвар која може да се послужи и топла и ладна, со чаша јогурт за појадок или вечера, а ако ја декорирате може да биде и предјадење.

Потребни состојки:

200 мл јогурт
150 мл масло
5 јајца
1 прстофат сол или по вкус
10 г прашок за печиво
5 лажици ајвар
250 г брашно
200 г шунка или по ваш вкус
3 кисели краставички
150 г фета или младо сирење

Постапка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Шунката, сирењето и краставичките исечкајте ги на ситни коцкички.

Јајцата изматете ги со жица и посолете ги, па додадете јогурт и масло, па мешајте додека маслото да се соедини со остатокот од смесата.

Потоа додадете го ајварот, повторно промешајте и на крај додадете го брашното и прашокот за печиво па мешајте додека да се добие мазна смеса.

На таа смеса додадете ги сечканите шунка, краставички и сирење, па измешајте со лажица.

Плех со димензии 30х20 см обложете го со хартија за печење, па во него излејте ја смесата. Проверете дали рерната се загреала, па ставете ја питата да се пече околу 35 минути или подолго, во зависност од вашата рерна.

Печената пита прекријте ја со крпа и оставете да се излади или барем малку да подизлади. Потоа сечете ја на коцки и послужете.

Loading...