ВКУСЕН ДИЕТАЛЕН КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА: Здраво и вкусно! Едноставен и здрав колач со овесни снегулки, јаболка и моркови! Здрав и вкусен појадок за целото семејство. Гответе со радост! Гответе со љубов! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100 г овесни снегулки сомелено во брашно
1 лажица кокосово брашно (15 г).
40 г шеќер од трска или некоја друга здрава замена за шеќерот, може и стевија
5 г прашок за печиво 1/2 лажичка
1/2 лажичка цимет во прав

И уште:
2 јајца
1 прстофат сол
1 јаболко
1 морков
40 г ореви

Се пече во рерна на 180°C 35 минути.

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги сите суви состојки (брашно од овесни снегулки, кокосово брашно, шеќер, прашок за печиво и цимет).

Јајцата изматете ги рачно со прстофат сол, па додајте ги во сувата мешавина.

Јаболкото и морковот излупете ги и заедно со оревите сомелете ги во блендер, па и нив додајте ги во мешавината. Со лажица убаво промешајте додека сето да се изедначи.

Помал калап или огноотпорен сад намастете го со путер, па сипете ја смесата и израмнете.

Одозгора сипете 1-2 раце ситно сечкани ореви и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 35 минути.

Послужете со детокс напиток: зелен чај со кокосово млеко. На здравје сладење! Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.