Одличен колач, брзо се приготвува, а вкусот е совежителен. Ви го препорачувам да го направите.

Потребни состојки: 4 јајца, 1 шолја (од 200 мл) шеќер, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 2 шолји брашно, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер. За прв фил: 1 литар млеко, 3 пудинг од ванила + 6 лажици шеќер. За втор фил: 1 кг рендани јаболка, 3-4 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер

Постапка: Изматете со миксер јајца, шеќер и ванилин шеќер. Матете ги додека да станат пенасти, со постепено додавање на шеќерот.

Потоа во тенок млаз додадете го маслото, па млекото и на крај брашното помешано со прашок за печиво. Убаво промешајте со лажица да се соединат состојките.

Половина од смесата излејте ја во намастен плех, а може и тркалезен за торта, калап бр.26. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 минути околу 10 минути додека кората малку да пожолти.

Потоа плехот извадете го од рерна, па преку него премачкајте го со пудинг-кремот, па филот со јаболка, па сето тоа прекријте го со остатокот од тестото и вратете во рерна да се испече уште 15-тина минути. Пред послужување колачот наросете го со шеќер во прав.

Фил со јаболка: јаболката изрендајте ги, додадете шеќер па малку динстајте ги на оган додека да испари водата. Оставете да изладат.

За пудинг кремот: Пудингот сварете го според упатството на амбалажата. Јас обично прв го подготвувам пудингот, пред да започнам со подготвувањето на другите постапки. Така ми е полесно, бидејќи и пудингот треба да изладен пред да се нанесе врз првата печена кора.