Во текот на зимата правиме разни колачи бидејќи организмот ни бара слатко, а од сите колачи неизоставни се обландите.

Обландите се приготвуваат на најразлични начини, а еден од нив е со мелени бисквити. Приготвувањето е брзо и лесно.

РЕЦЕПТ 1 – Потребни состојки: 400 мл вода, 400 г шеќер, 200 г мелени посни бисквити, 100 г чоколадо за готвење, 125 г маргарин и 1 пакување обланди

Постапка: Шеќерот и водата кратко сварете ги. Тргнете од оган и додадете мелени бисквити, па мешајте додека да се згусне. Потоа во смесата додадете чоколадо искршено на коцки и мешајте додека и тоа да се растопи и соедини со смесата.

Смесата оставете ја да излади (да биде млака) па додадете изматен маргарин. Со млаката смеса филувајте ги обландите. Изладената обланда поклопете ја (со нешто тешко) за убаво да се стисне. Рецептот е многу брз и убав.

РЕЦЕПТ 2 – Потребни состојки: 500 г шеќер, 500 мл вода, 100 г посно чоколадо, 250 г маргарин, 1 ванилин шеќер, 4 лажици брашно, 1 портокал – рендана кора и 1 пакување обланди

Постапка: Во 100 мл ладна вода додадете брашно и ванилин шеќер, па добро измешајте. Шеќерот растопете го во тенџере додека да се карамелизиа, па тргнете од оган и додадете 400 мл вода, маргарин и чоколадо. Мешајте на тивок оган додека да проврие.

Потоа додадете го приготвеното брашно и ванилин шеќер, па варете три минути со постојано мешање додека да згусне. Додадете рендана кора од портокал и оставете филот добро да излади. Можете на крај да го изматите убаво со миксер.

Обландите рамномерно филувајте ги, па малку притиснете ги со нешто тешко за подобро да се залепат.

РЕЦЕПТ 3 – Потребни состојки: 1 пакување обланди, 700 г шеќер, 250 мл вода, 250 г маргарин, 2,5 лажици какао и 300 г мелени бисквити

Постапка: Прво ставете ги водата и шеќерот да провријат, па тргнете ги од рингла. Додадете маргарин исечкан на листови, мелените бисквити и какаото. Мешајте додека смесата да се соедини.

Оставете околу 3-5 минути малку да подизлади, па со топлата смеса се премачкуваат обландите. На крај се притиска со нешто тешко одозгора и се остава да се стегне неколку часови. Деталите можете да ги погледнете во видеото: