Не е тајна дека со текот на годините желбата за секс кај некои парови значително се намалува или целосно исчезнува. Многумина од нив живеат во бракови во кој веќе долго време нема секс, но дали тоа е нужно извор за незадоволство или причина поради која бракот ќе пропадне?

Клара и Џон се запознале пред 20 години на работа. Помеѓу нив се родила инстантна привлечност. Нивниот сексуален живот бил многу страсен и активен. Набрзо стапиле во брак и добиле син.

Меѓутоа, како и кај многу други парови, страста најпосле исчезнала и сексот – престанал. Каков е сега нивниот брак, прочитајте во продолжение на текстот.

“Смешно е сега кога ќе се сетам на првите денови кога се вљубив во Џон. Тогаш сексот ни беше многу важен. Тешко ми е да замислам дека тоа воопшто сме биле ние. Кога се запознавме на работа, се случи инстантна привлечност помеѓу мене и Џон.

Секогаш се шегувам дека пред да го забележам неговото убаво лице, прво го забележав неговиот убав задник во фармерките. Првите десет години нашиот сексуален живот беше активен, авантуристички, а сексот беше “лепакот” што не држеше заедно.

Деветнаесет години откако го изговоривме судбоносното “да”, мило ми е што можам да кажам дека нашиот брак и натаму е силен и среќен. Секако, имавме неколку препреки на патот.

Мојата постпородилна депресија откако го родив нашиот син Алекс. Џоновата криза на средни години, кога беше прогласен за технолошки вишок на работа па доби отказ. Но спеавме да останеме пар полн со љубов и верност.

Меѓутоа, уште од 2008 година ние престанавме да имаме секс. Се’ уште секоја ноќ го делиме големиот кревет во спалната. Се бакнуваме, се мазиме и имаме тактилна, нежна физичка врска, но поминаа веќе 10 години откако последен пат водевме љубов.

Во што е проблемот? Како се носам со сознанието дека во 56.година сексот е зад мене? Дека на својот сопруг повеќе не сум му привлечна?

СЛАБЕЕЊЕ НА ЛИБИДОТО

Вистина е дека не можам да бидам посреќна поради нашата ситуација, а истото важи и за Џон. Не се чувствувам отфрлено затоа што моето либидо, исто како и неговото е ослабено.

Сексот веќе не е начинот на кој се сакаме, не е дел од нашиот однос и тоа е сосем во ред затоа што и двајцата поради тоа се чувствуваме еднакво.

Би била загрижена за својот брак доколку исчезне нежноста која постои помеѓу нас двајцата и на други, поинакви начини, но ние се’ уште сме нежни и секогаш сме отворени еден кон друг кога станува збор за нашите чувства.

Сексот престана да ме интересира кога влегов во менопауза, а тоа не е нетипично. Сексот ми стана непријатен, а најпосле и непожелен. Му се отворив на Џон и му кажав како се чувствувам, а тој ми кажа дека ме разбира потполно.

Во тоа време тој доби отказ па се преиспитуваше самиот себеси, па сексот му беше последното во мислите. Мислев дека моето либидо ќе се врати после менопаузата, но не. “Што ако никогаш не се врати?” го запрашав Џон една вечер во креветот.

“Тоа не е причина поради која треба да бидеме загрижени. Ние сме во 50-тите, фит сме, здрави и се’ уште вљубени. Нема причина да се грижиме поради сексот, ако ниеден од двајцата повеќе не е заинтересиран за него”, ми одговори.

НОВА ФАЗА ВО ВРСКАТА

Неговиот одговор беше логичен и охрабрувачки. Нашиот брак би бил во неволја ако едниот од нас се’ уште има потреба по страсните моменти на дневна основа, но двајцата со задоволство тргнавме во новата фаза од нашата врска.

Можеби ова звучи премногу лесно, но отсекогаш се чувствувам сигурно во својот брак. Среќни сме бидејќи секогаш отворено разговаравме за се’ што не мачело, а покрај тоа имаме заеднички интереси.

На почетокот од врската водевме љубов цела ноќ до утро. Денес поскоро ги обуваме своите чизми, се упатуваме на долга прошетка или на ручек во локалниот ресторан или за викенд некаде одлетаме во некоја метропола.

Двајцата сакаме да готвиме и да се грижиме за домот. Поминуваме време со својот син и мечтаеме да купиме куќа некаде во Европа.

Имаме планови и сништа, но не ни е потребен сексот за да ги исполниме. Потребно ни е чувствто на блискост кое произлегува од делењето на кеветот, вечерното мазење на каучот, држењето за рака во текот на прошетките…