Урнебес салатата е кралица на сите трпези на сите прослави. Одговара на сите слави и родендени и сите ја обожаваат. Иако повеќето ја сметаат како добар намаз, наместо салата, во секој случај се подготвува многу лесно и брзо и има пикантен вкус.




Може да се комбинира со повеќе состојки, да додавате намирници по желба и да ја направите според сопствената имагинација. Бојана од „Бокина Кујна“ ја прави оваа салата со ајвар, бидејќи салатата добива многу поинтензивен вкус, кој е подобар отколку кога се прави со само печени пиперки, иако во оригиналниот рецепт се ставаат печени сечкани или мелени пиперки. Одлуката останува на вас.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г сирење, 4 големи лажици ајвар (или печени и фино исечкани пиперки), 3 поголеми чешниња лук, сол, црн пипер, 1 голема лажица масло, 1 мала лажичка зачинска слатка пиперка, 1 мала лажичка ситно сечкана сува лута пиперка.




ПОСТАПКА: За целата постапка ќе ви биде потребно 3-5 минути за да ја направите. Најпрво, во еден подлабок сад ставете 500 г сирење по ваш избор и уште на почетокот вкусете го за да знаете колку е солено и да ја одредите количината на сол за подоцна, доколку е потребно да додавате.




Сирењето е секогаш најважната намирница во урнебес салатата бидејќи во голема количина го одредува вкусот на целата салата. Така што, секогаш бирајте квалитетно сирење. Во садот каде што го ставивте сирењето, изгмечете го со виљушка додека да стане кремасто.




Потоа ситно исечкајте или низ преса поминете ги чешнињата лук. Може да ставите повеќе чешниња, колку што го поднесувате вкусот на лукот. Во салатата се додаваат 4 големи лажици ајвар, а салатата може да ја подготвите и на втор начин, како што напишавме претходно, со испечени, излупени и ситно исечкани пиперки.




Потоа додајте 1 лажичка зачинска слатка пиперка, а потоа и зачинска лута пиперка или ситно исечкана мала лута пиперка (по вкус), колку го поднесувате лутото. Соединете ги состојките во фина и еднолична, кремаста смеса.




Додајте сол, колку што е потребно, според сирењето и сосем малку црн пипер. Што се однесува на останати зачини, можете да додавате според ваш вкус, но треба да бидете претпазливи да не додавате премногу, бидејќи некој зачин може да има подоминантен вкус и да го промени вкусот на салатата.




Добро измешајте ја салатата за сите состојки фино да се соединат, па вкусете ја салатата и додајте уште малку сол, ајвар или она што ви недостасува на вкус. На самиот крај потребно е да додадете 1 голема лажица маслиново или сончогледово масло и да го измешате во салатата.

Она што е практично кај оваа салата е тоа што можете во истиот момент да ја послужите во некој убав сад и да ја декорирате по ваш вкус со неколку листови магдонос или да ја послужите во повеќе помали садови кои ќе ги ставите на различни краеви од славската трпеза. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.