Фото и рецепт: Светлана Топиќ
Потребни состојки за кора:
8 белки
200 г шеќер
2 ванилин шеќер
250 г мелен мак
1 прашок за печиво
2 лажици брашно
Постапка:
Се матат белките пенасто, па постепено се додава шеќерот и ванилата, се мати додека да се растопи.
Брашното, макот и прашокот за печиво се мешаат заедно, па постепено се додаваат во снегот од белки и се мешаат со лажица.
Се печат две кори во среден плех обложен со хартија на 200 степени околу 15 до 20 минути. Потоа се сечат на половина за да добиете 4 кори.
Потребни состојки за фил:
8 жолчки
200 г шеќер
10 лажици брашно
700 мл млеко
2 ванилин шеќер
250 г путер/маргарин
Постапка:
Се матат жолчките со шеќер, се додава брашното и ванилин шеќерот. Млекото се става на оган, па кога ќе зоврие се намалува огнот и постепено се додава во жолчките и се мати.

Па кога ќе се стоплат жолчките постепено се додаваат во топлото млеко и со постојано мешање се готви на многу тивко додека да згусне. Внимавајте да не ви загори!

Се филува: кора-фил-кора-фил… украсете по желба.

Фото и рецепт: Светлана Топиќ