ЌОФТЕ ВО ДОМАТЕН СОС за работни денови кога треба нешто набрзина да приготвиме

Ова јадење најчесто го приготвувам во работни денови, особено ако после работа немам многу време да му се посветам на ручекот и на кујната… само соединувам, обликувам и ставам да се готви покрај компирот и тоа е тоа.

Потребни состојки:

500 г мелено месо по избор
1 цело јајце
1 лажица сув зачин
2 лажици лебни трошки (презла)
1 помала главица кромид
½ лажичка црн пипер
1 лажичка сол или по вкус, во зависност од доматниот сос колку е солен
Магдонос
700 мл доматен сос
700 мл вода
По желба 1 лажица брашно за да се згусне сосот

Постапка:

Кромидот ситно исечкајте го или сомелете го, додадете месо, сув зачин, црн пипер, јајце и презла, па добро со рака замесете.

Во подлабок сад истурете доматен сос и вода, па со влажни раце обликувајте мали топчиња и ставајте ги во садот. Ставете на умерен оган и гответе околу 90 минути.

Не грижете се што има многу вода, во текот на готвењето ќе испари.

Пред крај пробајте го сафтот од доамти, па доколку не е солено додадете уште малку сол, по желба црн пипер и сечкан магдонос.

Ако сакате сосот да биде малку погуст, со малку вода разматете лажица брашно да нема грутчиња, тргнете од оган, земете една кутлача од сосот и додадете во мешавината од брашното, добро промешајте и полека вратете назад и протресете ја шерпата лево-десно.

Вратете на оган да проврие уште 10-тина минути на тивко, па тргнете на страна и послужете. Најубаво одговара со компир пире, иако може прилог и по желба.

ќофте во доматен сос

Коментар на Ружица Темелкова: “Kоga koftencata ke se proprzat malku imaat poubav vkus.Dobar apetit.”

Претходна статијаОва е најдоброто домашно средство кое ги измазнува брчките околу очите
Следна статијаТОРТА СО МАК: многу брзо и едноставно се приготвува