Торта готова за 5 минути…Едноставна, брза и неодолива – ќе ја правите секој ден!
Оваа торта ќе ја правите СЕКОЈ ДЕН! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца
8 г ванилин шеќер
1 прстофат сол
100 г шеќер
100 мл масло
150 г кисело млеко или цврст јогурт со помалку маснотии
200 г брашно
15 г прашок за пециво
џем од бобинки
шеќер во прав
ПОСТАПКА:
Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот додека да згуснат, па додајте ги прво течните состојки, а на крај и сувите, просеани. Мешајте со жица или шпатула.
Сипете половина од тестото во калап со средна големина и одозгора распоредете џем или овошје по желба. Одозгора распоредете го остатокот од тестото и печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени.
Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ:
https://youtu.be/nONkvwRBIdQ?si=pS59jOSHQaEHm6Zb