ПОСНИ Топчиња со ореви, брзо и лесно се прават…Превкусни, се топат во уста…

Брзо и лесно се приготвуваат, можете да ги потопувате во чоколадна глазура или да ги валате во мелени ореви, бисквити, кокос…Посни се, но толку вкусни што ќе сакате да ги јадете преку цела година…

Потребни состојки:

250 г мелени ореви
250 г посни мелени бидквити
150 г шеќер во прав
200 мл сок од портокал
200 г чоколадо за готвење
1 лажичка мускатно оревче во прав

За потопување:

100 г чоколадо за готвење
2 лажици масло

Постапка:

Сите состојки измешајте ги и соединете ги, па оставете ја смесата да отстои еден час. Таа треба да биде потврда, па затоа сокот од портокал постепено додавајте го за да ја регулирате густината.

Од оваа смеса правете топчиња со големина на орев. Растопете го чоколадото со масло и добро соединете го во мазна смеса.

Топчињата боцкајте ги на чепкалка за заби, па натопувајте ги во чоколадната глазура. Чепкалката потоа боцнете ја во „морска пена“ (стиропор) и оставете ги така да се стегнат.

Топчињата со ореви ставете ги во хартиени корпички и послужете ги.