ТОПЧИЊА СО ЈАБОЛКА И ОРЕВИ: Направени од 5 состојки, а можете да ги послужите веднаш. Брзите топчиња со јаболка и ореви се готови за не повеќе од 20 минути, а најдобро од сè, можете да ги послужите веднаш.

Доколку немате премногу време да направите комплицирани слатки, тогаш овие топчиња со јаболка и јаткасти плодови се идеални за вас. Се прават за не повеќе од 20 минути, а најдобро од сè е што можете да ги послужите веднаш.

Тие се одлично решение доколку имате неочекувани гости, а исчезнуваат во еден залак. Едноставните топчиња од 5 состојки се толку убави што сигурно веднаш ќе направите двојна мерка. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јаболка, 2 лажици шеќер, 250 г мелен бисквит, 100 г сечкани ореви, кокос

ПОСТАПКА: Излупете ги јаболката и изрендајте ги на крупно ренде. Измешајте ги со шеќер, ставете сè во тавче и динстајте на умерен оган околу 10 минути додека да се карамелизираат и да испари течноста.

Префрлете ги во сад, а кога малку ќе се изладат додајте мелени бисквити и ореви. Добро измешајте за убаво да се соединат состојките и да добиете компактна смеса.

Со раце вадете по малку од смесата и формирајте топчиња со саканата големина, па валкајте ги во кокос. Наредете ги во чинија и послужете. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Брзи топчиња од банана: Само 3 состојки – за само 15 минути“ – ОВДЕ.

Брзи топчиња од банана: Само 3 состојки – за само 15 минути