БРЗ КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА И ОРЕВИ: Без брашно и јајца, а не треба ни рерна да вклучите. Едноставна торта со јаболка без печење ќе се најде на вашата маса за кратко време.

Колачите со јаболка се едни од омилените на овие простори и некако секогаш нè потсетуваат на бабината кујна. За да ја направите оваа торта не ви се потребни комплицирани состојки, а повеќето од нив веќе ги имате дома.

Она што е најдобро е што во него не влегуваат ниту брашно ниту јајца, што го прави исклучително лесен, а оревите му даваат посебен вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за колачот: 4 јаболка, 2 лажици шеќер, 1 лажичка цимет, 200 г бисквити, 50 г сечкани ореви, 50 г темно чоколадо. За глазура: 200 мл млеко, 1 лажица пченкарен скроб, 30 г бело чоколадо, 1 лажица шеќер

ПОСТАПКА: Излупете ги јаболката и изрендајте ги на покрупно ренде. Во нив додајте шеќер и цимет, па сè убаво измешајте. Загрејте на тивок оган 10 минути додека мешате. Тргнете го од шпорет, па измешајте со бисквитите кои претходно сте ги искршиле на поголеми парчиња.

Додајте јаткасти плодови, рендано темно чоколадо и соединете сè. Добиената смеса префрлете ја во калап со дијаметар од 20 см или некој помал калап каков имате. За глазурата: измешајте млеко со шеќер и скроб, па варете додека да згусне.

Додајте го белото чоколадо и мешајте додека да се растопи и инкорпорира. Кога ќе добиете еднолична смеса, рамномерно прелијте ја врз колачот. Кога ќе се олади глазурата, колачот е подготвен за послужување. По желба, пред послужувањето посипете го со рендано чоколадо.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „БРЗ КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА И ЧОКОЛАДО: Едноставен со состојки од кујна, многу вкусен и мек како сунѓер“ – ОВДЕ.

БРЗ КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА И ЧОКОЛАДО: Едноставен со состојки од кујна, многу вкусен и мек како сунѓер