Брзи топчиња од банана: Само 3 состојки – за само 15 минути. Послужете фини топчиња од банана за само 15 минути, без печење или готвење. Можете да им ги послужите на децата како здрава ужина, а можете да ги изненадите и вашите гости. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 поголеми или 4 помали банани, 300 г мелени бисквити, 50 г кокос. По желба до 100 г шеќер во прав, 2-3 штангли рендано чоколадо. За валање: кокосови трошки/мелени ореви/мелени бисквити..

ПОСТАПКА: Добро испасирајте ги бананите или со виљушка или со специјална алатка за пасирање компири. Бананите е подобро да се зрели. Колку позрели се бананите, толку ќе бидат послатки топчињата.

Не смеат да бидат зелени, бидејќи зелените банани се тврди и немаат толку сладост. Додајте ги мелените бисквити во испасираните банани.

Имајте во предвид дека иако ќе ги направите поцврсти топчињата, тие сепак ќе омекнат додека малку отстојат. Сите состојки се слатки, па затоа шеќерот не е потребен. Меѓутоа, ако ви се допаѓа послатко, слободно додајте до 100 г шеќер во прав.

Во никој случај не додавајте кристален шеќер, бидејќи би се почувствувал под забите, за разлика од шеќерот во прав, кој се растопува и соединува со смесата. Секако, постепено додавајте го и вкусете ја смесата за да одредите колку ви се слатки топчињата.

Можете да додадете и мед наместо шеќер, но потоа ќе треба да ја прилагодите количината на бисквитите. Добро измесете ја смесата додека да стане како поцврсто тесто.

Од смесата откинувајте парчиња со големина на орев. Како мерка можете да користите мала лажица. Секое парче формирајте го во топче и валкајте го во кокос.

Можете исто така да ги валкате топчињата во чоколадни трошки или да додадете 2-3 штангли рендано чоколадо во смесата со испасираните банани. Овој десерт можете да го послужите и на вашите малечки како закуска.

Во тој случај, подобро е да се држите до овие три состојки, без да додавате шеќер и чоколадо, бидејќи топчињата се многу слатки и без додаден шеќер. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „РАФАЕЛО ТОПЧИЊА НА МАМА ЗОРКА ОД МАКЕДОНИЈА: Без млеко во прав и без печење, готови за 10 минути, подобри од останатите“ – ОВДЕ.

РАФАЕЛО ТОПЧИЊА НА МАМА ЗОРКА ОД МАКЕДОНИЈА: Без млеко во прав и без печење, готови за 10 минути, подобри од останатите