Рутинската крвна анализа и анализата на урина е основна дијагностичка метода во секоја здравствена установа, но и добар и брз скрининг метод кој дава јасна слика за моменталното здравје, а не ретко ни открива и не симптоматски скриени заболувања.
Денес ќе обрнам внимание на толкување на кр-вната слика и некои основни биохемиски испитувања за да можете сами да разберете кој параметар од анализите на која физиолошка функција се однесува … Предупредување: Оваа статија е само од информативен карактер, после сите анализи на к-рв и урина резултатот треба да го однесете кај вашиот лекар, односно кај лекарот кој побарал истите да бидат направени!
Кр-вна слика RBC-еритроцити (црвени крвни клетки(зрнца)) – Задолжени се за пренос на кислород низ целото тело. Референтни вредности од 3,8 до 5,8x 1012/L. Намалени вредности најчесто озналуваат анемија или губење на к-рв. Зголемени вредности има во повеќе состојби меѓу кои најчесто во состојби на хемоконцентрација, кај полицитемија, но понекогаш и кај здрави луѓе.
Еритроцитни константи – Еритроцитните константи даваат информации за квалитетот на еритроцитите: MCV (mean cell volume) – оваа константа дава информации за големината на еритроцитите (рефернтни вредности:81-99 fl)
MCH (mean cell hemoglobin) – оваа константа дава информации за просечната количина на хемоглобин во еритроцитите (референтни вредности: 29-32.9 pg) MCHC (mean cell hemoglobin concentration) – просечна концентрација на хемоглобинот на литар еритроцити (референтни вредности: 310-350 g/l)
RDW (red cell distribution width) – константа за варијавилноста на величината на еритроцитите. Специфично покажува на постоење на една или повеќе популација на еритроцити, што е важен параметар при одредени хематолошки болести на еритроцитната лоза. (референтни вредности 11,5-16,5 %)
Промена на вредностите на поедини еритроцитни константи на пример MCV има дијагностичко значење за класификација на типот на анемијата, но секогаш се разгледува во корелација со бројот на еритроцитите и концентрацијата на хемоглобинот. Зголемено МСV може да се најде кај мегалобластна анемија, алкохолизам, пореметување на црниот дроб, ХОББ и други. Зголемено MCHC може да се најде во тешки облици на дехидрација.
Хемоглобин Хемоглобинот се наоѓа во еритроцитите и е најважен за преност на кислородот и јаглеродниот диосид во телото (референтни вредности 110-180). Намален хемоглобин означува анемија, а зголемен може да оди во прилог на хеоконцентрација или полицитемија.
Седиментација на еритроцити – Седиментација на еритроцити е брзина со која еритроцитите се одвојуваат од серумот. Забрзана седиментација може да укажува на разни воспалителни процеси и други болести во организмот, но треба да се напомене дека мирна седиментација не означува отсуство на воспалителна болест. Нормални вредности на седиментација се 2 до 12 мм/час.
WBC – лекукоцити (бели крвни клетки(зрнца)) – Леукоцитите се заштитни клетки во организмор, а се создаваат во коскената срцевина. Постојат пет различни типови на бели кр-вни клетки, и сите играат обрамбена улога против несакани инфективни агенси во телото (референтни вредности 3.9 – 10 9/l).
Кога бројот на леукоцити расте тоа значи дека организмот свесно создава поголем број за да се одбрани од инфективен агенс на пример бактерија, некогаш неконтролирано се произведуваат леукоцити како резултат на малигна мутација (леукемија).
Бројот на леукоцити паѓа при разни состојби, при стрес при одредени инфективни агенси кај пациенти на радиотерапија и слично. Одредени лекови можат да влијаат на вројот на леукоцитите и кај тие пациенти кои ги земаат овие лекови треба многу често да се прави лабораториски преглед.
Типови на леукоцити – Нутрофилни гранулоцити – се најзастапени неутрофилни гранулоцити. Овие леукоцити се зрели клетки кои можат да ги напаѓаат бактериите и вирусите дури и во крвната циркулација (референтни вредности NEU од 40-70%)
Моноцити – Моноцитите заедно со неутрофилите се основен фагоцитен обрамбен систем во организмот. Учестуваваат како ткивен обрамбен систем така што влегуваат во ткивата и го фагоцитираат инфективниот агенс. (референтни вредности MONO од 1-10%).
Еозинофилни гранулоцити – учестуваат при алергиска реакција и одбрана од паразитарни инфективни агенси (референтни вредности ЕОS од 0-6%). Лимфоцити – претставува популација на леукоцити во која има две потполулации: T лимфоцити кои учестуваат во клеточен имунитет и Б лимфоцити кои создаваат антитела и учестуваат во хуморален имунитет. (референтни вредности LYMPH од 20 до 50%). Базофилни гранулоцити – се најмалку застапена популација на леукоцити за нив се знае само дека уествуваат во алергискиот одговор (референтни BASO вредности од 0-1%).
PLT – Тромбоцити(кр-вни плочки) – Тромбоцитите претставуваат клетки кои учествуваат во коагулацијата односно во згрутчување на кр-вта. Намален број на тромбоцити односно тромбоцитопенија предизвикува кр-варења, а можат да бидат предизвикани од малигни заболувања, земање на хемотерапија, при хепатит и слично.
Зголемен број на тромбоцити го зголемува ризикот од создавање на крвни згрутчувања кои најчесто прават проблем во кардиоваскуларниот систем. (Референтни вредности од 140-450x 10 9/l). Tромбоцитни константи – PDW (поделба на тромбоцитите по волумен) – нормални вредности од 16 до 25 fl. MPV (просечен волумен на тромбоцитите) – нормални вредности од 7,80 до 12 fl
Биохемиска анализа на к-рв – Железо – Железото е еден од есенцијалните олигоелементи во крвта. Составен дел е од хемоглобинот, миоглобинот и многу ензими. Серумското железо заедно со еритроцитите (и еритроцитните константи) и хемоглобинот даваат слика за состојбата на коскената срцевина, односно дали има анемија и за каков тип на анемија се работи. Важно е да се знае дека одредување само на железо без останатите параметри нема никаква основа за да се постави дијагноза анемија.
Референтни вредности на железо: од 8,9 до 30 umol/l. – Глукоза (шеќер во крв) Преку сложен хормонски систем се одржува шеќерот во крвта во нормални, односно во референтни граници. Постојат бројни фактори кои можат да влијаат на шеќерот и бројни пореметувања кои можат да доведат до зголемување на шеќерот во кр-вта (хиперглиемија(дијабет)), односно намалено ниво на шеќер во кр-вта односно хипогликемија.
Референтни вредности на глукоза; од 3,5 до 6,1 ммол/л. – Липиди (мрснотии) – Состојбата на липидите во серумот се одредува преку одредување на триглицеридите и вкупниот холестерол односно LDL и HDL.
Холстерол – Концентрацијата на холестеролот во кр-вта е директно поврзана со метаболизмот на мастите во организмот, а може да зависи од многу други фактори: исхрана, генетика, лачење на хормони, присуство на други заболувања и слично.
Референтни вредности на холестерол: од 3,10 до 5,5 ммол/л. – HDL холестерол, од вкупниот број на холстеролот во крв околу 20% треба да припаѓа на HDL холестеролот, односно на неговата подфракција HDL2 кој во организмот има протективна улога.
Што се поголеми вредностите на HDL во кр-вта тоа ризикот за кардиоваскуларни заболувања како резултат на запушувања на артериите е помал. Овој холестерол е познат како холестерол чистач на крвните садови. Референтни вредности: 1,03-1,55 mmol/l. LDL холестерол, овој холестерол е спротивен од претходниот, односно неговата зголеменост означува поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања. Референтни вредности: 1,55-4,53.
Триглицериди – Триглицеридите како и LDL холестеролот се важен маркер за одредување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Зголемување на триглицеридите најчесто предизвикува современот начин на живот односно земање на брза храна, прекумерен стрес, заболување на црниот дроб, прекумерно користење на алкохол и други метаболни заболувања. Намалени триглицериди немаат голема дијагностичка вредност, некогаш можат да значат малнутриција, хипотиреоза, неапсорпција во цревата и слично.
Референтни вредности на триглицеридите се: од 0,46 до 2,28 mmol/l. – Креатинин – Концентрацијата на креатинин во серумот зависи првенствено од гломеруларната филтрација па затоа слободно кратининот можеме да го наречеме маркер за рано откривање на затајување на бубрежната функција. Зголемен е при акутна и хронична бубрежна инсуфициенција.
При акутна бубрежна инсуфициенца може да биде зголемен неколку кратно над референтните вредности. Важен превентивен дијагностички маркер е кратининот бидејќи покажува проблеми со бубрежната функција пред да се појават симптоми. Намеалена конентрација нема голема дијагностичка вредност често се среќава кај трудници и жени воопшто.
Референтни вредности на креатинин се: од 53 до 124 ummol/l. – Уреа – Претставува краен продукт на метаболизмот на протеините. Исто така уреата како и креатининот е маркер за бубрежна функција. Сепак креатининот се смета за посензитивен маркер од уреата, односно обично се очекува креатининот прв да се зголеми кај навидум зрави лица со бубрежно затајување, а потоа и уреата.
Референтни вредности на уреа се: 2,8 до 7,2 mmol/l. – Аминотрансферази (трансаминази) – Овие ензими во високи концентрации се наоѓаат во црниот дроб, мускулите и мозокот. Одредување на аминотрансферазите има значајна улога за одредување на фунцијата на црниот дроб, па како и креатининот за бубрезите, аминотрансферазите слободно можеме да ги наречеме маркер на функцијата на црниот дроб.
Но аминотрансферазите освен за црниот дроб, можат да откријат заболувања и на мускулите, мозокот и други органи. Аспартат аминотрансфераза (AST), најмногу го има во црниот дроб и срцето, помалку во мозокот, бубрезите и панкреасот. Референтни вредности се: од 7 до 38 mmol/l.
Aланин аминотрансфераза (ALT), најчесто покачен кај хепатит и алко-холна цироза, исто така покачен при масивен инфаркт на миокардот. Референтни вредности се: oд 8 до 41mmol/l. Напомена! Референтните вредности можат да бидат различни во различни лаборатории, вредностите дадени во овој текст се ориентациони!
Секако постојат уште многу други кр-вни и биохемиски анализи, претходно опишаните влегуваат во групата основни биохемиски испитувања кои треба да се прават во секоја биохемиска лабораторија! Во следната статија продолжувам со толкување на резултати од анализа на урина… Aвтор: Д-р Роберт Николовски -авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-