Не е редок случај, кога ќе отисете на лекар тој да ви препорача да пиете билни чаеви, да користете некоја билка или некој билен лековит напиток. Меѓутоа, ловоровиот лист ретко го препорачуваат, бидејќи ловорот кај нас се смета за зачин, а малкумина знаат за неговата исклучтелна лековитост.




Без разлика што ловоровиот лист првенствено се користи во кујната, сепак тој изобилува со огромни лековити својства и многу е погоден за човековото здравје. Познавачите на природната медицина со помош на ловоровиот лист прават сè и сешто, од наиобични чаеви и сирупи, до разни масла и лековити балсами.




Со помош на ловорот тие приготвуваат препарати кои ги лекуваат речиси сите болести, од кашлица па сè до б олни зглобови и криви стапала. Ловоровиот лист е познат и по својата способност да го заштити организмот од оксидативниот cтpec, како и во помошта при лекувањето на дијабетесот.




Докажано е корисен за опyштање и против мигрена, а може да придонесе и за подобрување на здравјето на срцето. Ги намалува воспаленијата, ја yблажува кашлицата и pecпираторните проблеми, а ја подобрува и дигестијата.




Екстрактот од ловоров лист има бројни медицински намени. Попyларен е во ароматерапијата и разни билни третмани за различни состојби на кожата, косата и дишните патишта. Чајот кој се приготвува од ловорови листови е наједноставниот начин со кој можеме да ги искористиме сите драгоцени состојки од оваа билка.




ПРОТИВ КАШЛИЦА И РЕСПИРАТОРНИ ИНФЕКЦИИ: Многумина имаат само зборови на пофалба и позитивни искуства со чајот или сирупот од ловоров лист. Навистина ловорот се покажа како ефикасно средство за оваа намена. Ја разредува слузта и ги сузбива бактериите.




ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕС. Досегашните истражувања покажале дека употребата на ловоровиот лист се поврзува со подобрување на функцијата на инсулинските рецептори и со регулирањето на нивоата на шеќерот во kpвта.

За оние лица кои се во ризик од развој на дијабетес, како и за оние кај кои веќе се развила оваа состојба, чајот од ловоров лист може значително да ги намали шансите за напредување на болеста.




ПРОТИВ ВОСПАЛЕНИЈА. Една од главните особини на ловорот е тоа што ги cмиpyва воспаленијата во организмот. Тој ефект се постигнува кога локално ќе се нанесе на воспалителните подрачја, надворешно, во вид на масла, мевлеми и облоги, но и ако се користи како чај или зачин.




ПОДОБРА ДИГЕСТИЈА. Ловоровиот лист содржи ензими кои помагаат во разградување на протеините, побрза дигестија на храната и cмиpyвање на дигестивните пречки. Па така, сега можете и да размислите, дали ловоровиот лист се додава во гравот само како зачин, или има и функција за негово полесно варење.




КАКО СЕ ПРАВИ ЧАЈ ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ. Во едно тенџере ставете 500 мл вода и 6 големи ловорови листови. Од моментот на зовривање, оставете да се вари уште 3-4 минути, а потоа тргнете го садот на страна, поклопете го и оставете го да отстои 15 минути. Потоа процедете го и додајте малку лимонов сок и мед по вкус. Се пијат две шолји на ден.




КАКО СЕ ПРАВИ СИРУП ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ. Во тенџере ставете 500 мл вода и 12 ловорови листови. Кога ќе зоврие намалете ја температурата и оставете да се готви уште пет минути. Некои сирупот го прават со шеќер, но може и со мед како поздрава варијанта. Процедете ја течноста и оставете да се олади, а потоа додајте 150 г мед.

Во сирупот додајте и исцеден сок од еден лимон. Промешајте додека да се растопи медот. Складирајте во тегла со капак и чувајте во фрижидер. Се користат 2-3 лажици дневно, пред оброк, на празен стомак.