Славските салати заземаат посебно место на трпезата, бидејќи одговараат со сѐ, од предјадења, кифлички и сувомеснато до печено месо.

Овие салати специјално се осмислуваат за настанот, но можете да ги подготвувате и за секој ден, зашто се многу вкусни, а можат да заменат дури и цел оброк. Испробајте една од овие салати и гостите ќе бидат воодушевени.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 450 – 500 г батак со коски, 1 мало стебленце праз, 250 г крем сирење, 2 чаши кисела павлака, 100 г печени кикирики, малку препечен сусам за декорација.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 400 г кисела павлака, 50 г мајонез, 150 г сусам, 100 г печени кикирики, 400 г пилешки гради.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 500 г пченка од конзерва или замрзната, 300 г димен врат, 10-тина кисели краставички со средна величина, 10 варени јајца, 500 г дробено сирење по ваша желба, 400 г кисела павлака, 200 г сусам, сол по потреба.

ТРЕТ РЕЦЕПТ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ЧЕТВРТ РЕЦЕПТ): 150 г сусам, 750 г пилешко бело месо (пилешки гради), зеленчукова коцка за супа (коцката е за 500 мл вода), 200 г корнишони (од тегла), 200 г мајонез, 400 г кисела павлака (или грчки/густ јогурт), ½ лажичка сол, ¼ лажичка црн пипер, масло.

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Се сече батакот на коцки и се пржи додека да добие златна боја. За тоа време ситно исечкајте го празот и изблендирајте ги печените кикирики.

Во поголем сад измешајте ги киселата павлака, крем сирењето, празот и кикириките, а кога ќе биде готово пилешкото, додајте го и него. Одозгора наросете го сусамот кој претходно сте го загреале во сува тава.

ПРВ РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Пилешкото месо исечкајте го и на малку масло во тавче пропржете го. Сусамот пропржете го во сува тава и оставете да се излади.

Во еден сад измешајте ги павлаката, мајонезот, сусамот и кикириките кои претходно сте ги измиксале во блендер. Добро измешајте да се соединат состојките. Додајте го месото и повторно добро измешајте ги сите состојки. Декорирајте по желба.

ВТОР РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА ЗА ТРЕТИОТ РЕЦЕПТ: Користете покрупни кисели краставички, да не бидат многу мали. Доколку имате само мали, тогаш ставете повеќе.

Згответе ги јајцата, изладете ги и излупете ги, па потоа исечкајте ги на коцки. Сувомеснатото исто така исечкајте го на коцки, како и киселите краставички.

Пченката доколку не е варена, сварете ја, па процедете ја од водата. Сусамот е потребно да го пропржите без масло, со постојано мешање додека да порумени, но бидете внимателни да не ви загори.

Дробеното сирење и киселата павлака измешајте ги во посебен сад да се соединат, малку посолете доколку е потребно.

На пример, ако користите фета сирење, потребно е да додадете сол, а за овчо сирење нема потреба. Не заборавајте дека и во киселите краставички и димениот врат има доволно сол.

Измешајте ги јајцата, димениот врат, пченката, киселите краставички и сусамот. Потоа додајте го сирењето со павлаката и повторно сѐ измешајте. Можете да си оставите 1 краставица, 1 јајце и малку сусам за декорација.

Врз салатата изрендајте јајце, наросете со сусам, а киселите краставички исечете ги на тенки траки и распоредете ги по желба.

За декорација ќе ви бидат потребни уште 5 минути, но доколку немате време, овој чекор прескокнете го. Важно е да ја изладите салатата во фрижидер пред да ја послужите.

ЧЕТВРТ РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА ЗА ЧЕТВРТИОТ РЕЦЕПТ: Сирењето убаво издробете го со виљушка. Јајцата изрендајте ги и додајте ги во издробеното сирење. Лукчето ситно исечкајте го, изрендајте го или пак, истолчете го, како ви е полесно или како сакате да се чувствува во салатата.

Сите состојки убаво измешајте ги и соединете ги со мајонез. Вадете топки со лажица и украсете со свеж магдонос. Салатата е многу вкусна, а нема некој кој досега не ми побарал рецепт, па затоа решив да ја споделам со вас.