Еден од омилените колачи е токму сочниот колач полн со ореви. Не е баклава, не е ниту раванија, туку еден посебен колач кој нема свое специфично име, па затоа го нарекувам „Сунѓер пита“.

Дома ни е омилен и често го приготвувам. Постапката воопшто не сложена, а откако првпат ќе го направите, верувајте, многу често ќе го приготвувате. Еве што ви е потребно за да го направите овој вкусен колач според рецептот на Јелена:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 260 г брашно, 100 г гриз, 200 мл јогурт, 2 супени лажици шеќер во прав, 50 мл маслиново/обично масло за готвење, 1 супена лажица маст/путер, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), рендана кора од лимон, 1 лажичка јаболков оцет

ЗА ФИЛ: 200 г ореви, 2 супени лажици шеќер во прав, 2 супени лажици сусам (малку потпечен), 1 мала лажичка цимет во прав, 1 супена лажица кисела павлака. ЗА СИРУП: 150 г шеќер, 100 мл вода, 1 мандарина, сок од 1/2 лимон

ПОСТАПКА: Во подлабок сад изматете едно јајце со жица-маталка.

Потоа додајте 2 супени лажици шеќер во прав, 1 лажица маст, просеано 260 г брашно помешано со 10 г прашок за печиво, 100 г гриз, 50 мл масло, ситно рендана кора од лимон, 100 мл јогурт, 1 лажичка оцет.

Сите состојки измешајте ги со лажица или шпатула, па кога ќе се соединат во тесто, истресете го на работна површина и замесете го со рака.

Формирајте го во векна, одземете мал дел со големина на снежна топка кој ќе ви биде потребен за филот, а остатокот поделете го на два дела.

Земете го едниот дел и поставете го врз парче кеса малку наросено со брашно (долу и врз тестото, преклопете со второ парче кеса, па одозгора со оклагија развлечете го во тенка кора со величина на плехот/калапот во кој ќе се пече (со средна величина).

Префрлете го на дното и дополнително обликувајте го со раце.

ЗА ФИЛ: Во подлабок сад измешајте 200 г мелени ореви, 2 лажици сусам, 1 лажичка циме, 1 лажица кисела павлака, 2 лажици шеќер во прав.

Промешајте, па внатре ставете го она мало парче тесто кое претходно го одвоивте. Со рака замесете додека да се впијат сите состојки во него.

Тестото-фил исто така развлечете го во кора помеѓу две кеси, обликувајте го и поставете го врз првата кора во плехот. Врз тестото со ореви поставете ја втората светла кора, развлечена на ист начин како и претходните.

Со рацете малку израмнете, па со нож исечете ја на парчиња со големина по ваша желба. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 190 степени, приближно 45-50 минути.

Кога ќе се испече питата, повторно поминете со ножот низ засеците за да се одделат парчињата.

ЗА СИРУП: Во тенџере ставете 150 г шеќер и 100 мл вода. Додајте исечена мандарина на парчиња и сок од половина лимон.

Сварете го сирупот, оставете да се олади, па прелијте го врз изладениот колач (млако со млако) и оставете добро да се впие. Деталите од презентацијата погледнете ги ОВДЕ.