Првиот рецепт е на Нермина Јордамовиќ, одличен е, испробан, запишете си го. Еве што ви е потребно – Потребни состојки: 500 г кадаиф, 250 г путер, 100 мл масло, 1 лажица кравјо масло и доста ореви ситно и крупно сечкани (околу 400-500 г)

кадаиф / Нермина Јордамовиќ

Постапка: половина од кадаифот рамномерно распоредете го во тепсија 35х25 см или по желба. Наросете со доста сечкани ореви. Распоредете ја и преостанатата половина кадаиф. Фино и еднакво распоредете, па лесно притиснете со дланката одозгора.

Одозгора полијте со 250 г растопен путер и помешан со 100 мл масло. По желба ставете 1 лажица кравјо масло кое можете да го купите во продавница. Дома се добива така што ќе растопите путер и ќе го изладите. Има посебен мирис и вкус кога ќе му се додаде на кадаифот, блаквата, гурабиите…на сите шербетни колачи.

Кадаифот се става да се пече на 200 степени додека да започне да заруменува, па потоа намалее на 180 степени околу половина час и оставете 15-тина минути или повеќе на 150 степени за да се исуши убаво. Сè зависи од рерната и силината на струјата.

Кадаифот треба да остане жолт и готов е кога малку ќе се собере и ќе се одвои од страните на тепсијата – кога ќе се протресе тепсијата, кадаифот се поместува. Изладениот кадаиф се полева со врел сируп.

За кадаиф потребен е посилен шербет. Ако е редок шербетот, кадаифот тогаш нема да биде добар и повеќе ќе биде како сварен. За шербет: 1,5 кг шеќер, 1 литар вода. Постапка: варете околу 10-тина минути. Најдобро е да се проба меѓу прсти, треба лесно да лизга.

За оние кои не знаат што е КАДАИФ: Тоа се тенки ленти од печено тесто со јајца слично на тестенините за супа, само што овие се подолги и свиткани. Постојат посебни машини за кадаиф и обично се профава по половина килограм. Еве го и вториот рецепт:

КАДАИФ: Едно старо, по малку заборавено јадење кои нашите баби го приготвуваа секој празник. За сите љубители на шербетните колачи. Потребни состојки: 1 пакување кадаиф, 200 г путер, 5 лажици масло, 400-500 г ореви.

За шербет: 1 кг шеќер, 3 парчиња лимон и вода. Постапка: Путерот и маслото загрејте ги додека путерот да се растопи и одржувајте го топол на врелиот шпорет. Оревите крупно сомелете ги, а доколку не можете, тогаш половина сомелете ги, а половина исечкајте ги на даска со остар но-ж.

Пригответе тепсија број 30, малку подлабока. Половина кадаиф ставете во тепсијата и убаво распоредете го внимавајќи да не се искрши. Тепсијата нема потреба претходно да се масти. Една третина од врелиот путер со лажица внимателно прелијте го преку кадаифот и рамномерно распоредете ги оревите.

Остатокот од кадаифот распоредете го врз оревите и лесно со дланките притиснете за убаво да собере во тепсијата. Прелијте со остатокот од путерот и масло. Рерната вклучете ја на 170 степени на врел воздух и ставете го кадаифот да се пече околу еден час.

Ако рерната ви е пресилна, намалете ја температурата на 160 степени. Кадаифот е печен кога ќе започне да “шета” по тепсијата, т.е. кога ќе започне да се одвојува од рабовите на тепсијата. Штом се стави кадаифот во рерна, се започнува со приготвувањето на шербетот.

Сирупот мора да биде густ и тоа е од клучна важност за успешно приготвен кадаиф. Во тенџере ставете го шеќерот и додадете вода толку колку да биде потоен шеќер и еден прст одозгора. Се додава и малку лимон исечен на тркалца. Кога сирупот ќе зоврие, се намалува температурата и се вари уште 15 минути.

Потоа се исклучува ринглата и се тенџерето се трга на страна. Кога кадаифот е печен извадете го од рерна и оставете го 10-тина минути да излади. Шербетот е уште топол, па со куплача за супа полека полијте го кадаифот. Полијте го со три полни кутлачи, полевајќи во тенок млаз, полека и рамномерно.

Шербетот повторно вратете го на оган и оставете да врие уште три минути, па повторно тргнете го од оган и додека врел, на ист начин како претходно полијте го кадаифот. Повторно три кутлачи и многу тенок млаз. Остатокот оставете малку да излади пред целосно да го прелиете кадаифот.

Најдобро е тоа да се направи со лажица. Шербетот нема да зашеќери поради лимонот. Оставете го кадаифот да излади на собна температура, покријте го со фолија и оставете го во некоја ладна просторија, па потоа во фрижидер. Напомена: Можеби ви изгледа комплицирано, но навистина не е. Единствено бара време и посветеност. Се послужува добро изладен.