Стар рецепт за мека и сочна пита од јаболка, се мери со шолја за чај

Ова е еден стар рецепт за слатка пита со јаболка кој го пронајдов во бележникот на мајка ми. Толку е сочна што се топи во уста. Состојките се мерат со шолја за чај од 250-300 мл.

Потребни состојки:

5 јајца
1 ½ шолја шеќер
½ шолја млеко
1 шолја масло
2 шолји брашно
1 кесичка прашок за печиво

Фил:

2 кг покрупни јаболка
200 г шеќер
малку цимет
1 ванилин шеќер

Постапка:

Loading...

1.Добро изматете ги јајцата со шеќерот, додека тој да се растопи, па додадете млеко, масло, брашно и прашок за шечиво.

2.Половина од смесата излејте ја намастен и набрашнет плех со средна величина, па ставете 10-тина минути во загреана рерна на 190 степени, колку да се запече.

3.За фил: Измијте ги, излупете ги и изрендајте ги јаболката, наросете ги со шеќерот и динстајте ги на умерен оган додека да испари течноста.

4.Во динстаните јаболка додадете цимет и ванилин шеќер, промешајте и внимателно излејте врз запеченото тесто. Рамномерно распоредете.

5.Врз јаболката прелијте го вториот дел од тестото, па вратете го колачот во рерна. Испечете го до крај, проверете со чепкалка кога е готов.

6.Колачот се пече на 180-190 степени во претходно загреана рерна. Печениот и изладен колач се сече на коцки, а по желба се наросува со шеќер во прав.

Coolinarika.com

Loading...