Доматите традиционално многу често се присутни на нашите трпези. Тие се идеална храна, особено за топлите периоди кои се пред нас. Богати се со вода, малку калории, а од друга страна имаат многу хранливи, па дури и лековити материи. Нашата земја е позната по одгледување на многу вкусен домат, најчесто во струмичкиот и скопскиот регион.

Најпознат е вкусниот јабучар, со розикава боја и специфични вкусовни карактеристики. Досега, науката потврди многу лековити својства кои ги поседува сокот од домати, а меѓу најважните секако се оние кои го олеснуваат варењето на храната, помагаат да се исфрли вишокот течности од телото и во намалувањето на кр-вниот притисок.

Исто така, сокот од домати ја подобрува кр-вната слика и го зајакнува имунитетот, а меѓу другото, одлично помага и во справување со хроничниот замор, бидејќи брзо ја зајакнува и враќа енергијата.

Делува како антиоксиданс

Црвената боја на сокот од домати потекнува од растителниот пигмент наречен ликопен, кој припаѓа на семејството на каротеноиди, природни жолтеникави, портокалови и црвени пигменти во овошјето и зеленчукот.

Доматот е главниот извор на овој моќен антиоксиданс – во 100 грама домат има 6 милиграми ликопен, а во малите околу 10 милиграми. Ликопенот е многу важен во имунолошката заштита на организмот и во борбата против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките.

Доматите се богат извор и на други значајни компоненти за здравјето – фитохемикалиите. Содржината на фитохемикалиите, но и другите нутритивни компоненти на доматот, главно зависи од видот и бербата, но генерално тие се богати и со:

-ликопен кој е црвен антиоксидативен пигмент, бета каротен – исто така антиоксидативна компонента, жолт пигмент кој во организмот се преобразува во витамин А, нарингенин – пронајден во лушпата на доматите, флавоноид кој докажано влијае на намалување на хроничното воспаление и потенцијално штити од различни заболувања и хлорогенична киселина – моќен антиоксидант, може да помогне во снижување на високиот кр-вен притисок кај луѓето кои се борат со хипертензијата.

Го намалува ризикот од тромбоза

Според научните студии, доматите се идеални за лекување на срцеви заболувања затоа што високото ниво на калиум ги намалува масните наслаги во кр-вните садови, а со тоа и ризикот од тромбоза и срцев или мозочен у дар. Бидејќи е одличен диуретик, помага во исфрлање на вишокот течности од организмот, а го регулира и кр-вниот притисок.

Ја подобрува кр-вната слика

Фолната киселина што ја содржи сокот од домати помага во формирање на црвени кр-вни клетки, а со тоа и во третман на анемија, затоа е идеален сојузник во лекувањето на анемијата. Бидејќи ја подобрува кр-вната слика, истовремено го зајакнува и имунитетот. Во овој случај, се препорачуваат минимум две чаши сок од домати на ден.

Помага во губење на вишокот килограми

Благодарение на моќниот антиоксиданс ликопен, доматот совршено ги неутрализира слободните радикали и го чисти организмот. Исто така, помага во работата на најважните органи за варење – панкреасот, црниот дроб и жолчката и го забрзува варењето на храната. Бидејќи има само 50 калории во една чаша сок од 200 мл, тој е одличен сојузник на секоја диета.

Го подобрува видот

Доматите содржат изобилство од витамин А, кој е одговорен за видот. Постојат научни студии кои потврдуваат дека овој витамин може да помогне при влошување на видот, ноќно слепило, сенилна дегенерација на макулата, глауком и катаракта.

Сепак, при купување домати, изберете ги најцрвените плодови затоа што имаат најголемо количество антиоксиданси. Чувајте го на собна температура, на место осветлено од сончева светлина, а не во фрижидер, бидејќи тоа му го расипува вкусот.

Експертите препорачуваат консумирање на еден среден домат дневно, или седум мали домати во една порција. Сосем е здраво да се консумира секој ден, а како дополнителен бонус, доматот содржи малку калории и голема содржина на вода, но оние кои страдаат од дигестивни нарушувања или имаат гастроезофагеален рефлукс, не треба да јадат премногу домати.

При консумирање на сок од домати треба да бидат претпазливи оние кои страдаат од бубрежни заболувања. Доматите се исто така богат извор на Витамин Ц. Витаминот Ц е есенцијален нутриент и антиоксидант. Еден домат со просечна големина ни обезбедува дури до 30% од дневните потреби. Освен како антиоксидант, телото го користи витаминот Ц за добар имунитет, производство на колаген итн.

Сок од домати за враќање на енергијата

Потребни состојки: 3 кг домати, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол.

Подготовка: Најпрво измијте ги добро доматите, извадете ја дршката и средниот дел на доматите, а потоа сечете ги на средни парчиња во длабок сад. Доматите сомелете ги така што ќе остане само сокот од нив. Количината на сокот зависи од тоа доматите дали се сочни, но отприлика ќе добиете околу 2,5 литри сок.

Кората на доматите повторно сомелете ја така што ќе се исцеди и последниот сок, а и таа ќе се сомеле заедно со него. Ќе добиете густ сок од домати. Овој сок може да го конзервирате на 2 начини.

Првиот начин е вака подготвениот сок да го процедите во шишиња (без семките) и да го чувате во фрижидер. Овој сок не е потребно да го посолувате, а потребно е да го испиете во рок од 5 до 7 дена.

Вториот начин е да го зготвите сокот (исто без семки и без кората овојпат). Кога сокот ќе почне да врие, додајте една мала лажичка шеќер и две лажички сол, па промешајте. Продолжете да го готвите сокот 6 – 7 минути и повремено отстранувајте ја пената од сокот.

Во меѓувреме, пастеризирајте неколку стаклени шишиња во претходно загреана рерна на 100 степени околу 10 – 15 минути, а потоа претурете го сокот во нив. Потребно е шишињата да бидат загреани кога го ставате сокот во нив.

Откога ќе го претурите сиот сок, затворете ги цврсто со капаче, а потоа со крпа превртете ги шишињата наопаку и складирајте ги во кутија. Оставете ги вака шишињата да се изладат и чувајте ги на темно и суво место. Вака подготвениот сок може да стои цела зима без да се расипе. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.