Рецептот од кој сите се задоволни: природен лек за одзатнување на носот со инстант ефект

Затнатиот нос и течењето на носот се многу чести појави за време на сегашните временски промени од топло кон ладно и обратно, а главните виновници се ненадејните промени во температурата, студениот ветер и сувиот воздух што носат со себе зголемен ризик за воспаление и вирусни настинки.

Сепак, покрај сезонските настинки и алергиите, некои диуретици, антидепресиви, па дури и апчиња за контрацепција може да го отежнат дишењето. Иако затнатиот нос не е премногу сериозен проблем, сепак може да предизвика потешкотии, да го отежни извршувањето на секојдневни активности и да го намали имунитетот.

Најважното нешто што треба да се направи за да се ослободите од затнатиот нос, е всушност да го зајакнете имунитетот, што колку и да ви се чини за едноставен предизвик, сепак потребна е упорност и добри насоки. Овие домашни природни лекови ќе ви помогнат за многу кратко време да го одзатнете носот и да дишете со полни бели дробови..

Влажниот воздух ќе ви го ослободи затнатиот нос. Греењето во домовите често го суши воздухот во просториите, а сувиот воздух е најчеста причина за влошување на состојбата со затнатиот нос и отежнато дишење.

Лутата храна делува антивоспалително, а ги прочистува дури и синусите

Лутата храна (чили пиперките) ќе ги исчисти ноздрите. Таа содржи безбојна и безмирисна супстанција наречена капсаицин која ја има најмногу во лутите пиперки, која им го дава карактеристичниот лут вкус, а капсаицинот е одлична состојка за лекување на затнатиот нос. Имено, тој го подобрува протокот на слузта низ дишните патишта, па додајте повеќе лут пипер во следниот оброк и ослободете ги дишните патишта.

Вдишување на топла пареа за време на туширање

Вдишување на пареа е еден од најстарите лекови за затнат нос. Наполнете сад со топла вода, наведнете се над садот и покријте ја главата со крпа. Ако сакате, можете да додадете три лажички јаболков оцет во водата или да направите чај од камилица или жалфија и да го вдишите.

Во случај да ви пречи ваквиот начин на инхалација, почестете се со долг топол туш. Пареата ќе го стори своето и во овој случај дишните патишта со сигурност ќе ви бидат прочистени и одзатнати. Стар начин на лекување на затнат нос е да се поливате со топла вода од челото кон носот, а со ова се превенира и повторно затнување.

Кромидот и лукот ги прочистуваат дишните патишта

Одлично инстант решение за затнат нос е користење на кромид или лук. Кромидот може да го користите на два начина. Првиот е да го исечете кромидот на парчиња, да го ставите под носот и да го вдишувате постојано, а вториот начин е да го јадете суров.

Вистина е дека ќе има солзи во вашите очи, но носот ќе биде чист и одзатнат. Што се однесува до лукот, исечете го чешнето на помали делови и изедете го со малку леб. ако не ви се допаѓа вкусот во устата, тогаш парченцата голтнете ги како апче.

Со векови, растението индиски јоргован е познато како „чу-дото“ од Индија, па затоа не е изненадувачки што ова дрво традиционално се користи во ајурведските лекови како антисептик за борба против вируси и бактерии.

Има ефект врз варењето на храната, ја прочистува кожата, ги штити забите, може да се користи наместо сапун, третира болки во грлото, синузитис и го одзатнува носот. Во случај на воспаление на синусите, подгответе чај од индиски јоргован и наместо капки за нос, капнете две капки чај наутро и навечер.

Гелови и креми на база на ментол

За да го одзатнете носот, можете да нанесете гел базиран на ментол на градите или под носот. Ментолот ќе ги прошири кр-вните садови и ќе ги расчисти дишните патишта во телото, а покрај тоа ќе ја смири кашлицата и ќе помогне да се исфрлат секретите од грлото. Ако сакате да спиете подобро тогаш ви препорачуваме да ставите гел на носот непосредно пред спиење.

Исчистете го носот со солен раствор

Различни раствори и спрејови базирани на солена или морска вода се едни од најприродните и најстарите лекови против назална конгестија. Солта во овие препарати ја разредува и омекнува слузта акумулирана во синусите и го смирува иритираното ткиво во ноздрите.

Солениот раствор можете да го направите дома. Ако сакате сами да го направите солениот раствор, земете 1/4 лажичка сол и измешајте ја во 200 мл вода. Оставете малку да се излади, а потоа со шишенце со распрскувач директно ставете во носот.

Рецептот од кој сите се задоволни: Подгответе природен пијалак за да го ослободите носот 

Потребни состојки: 1/4 чаша вода, 1/4 чаша јаболков оцет, 1 лажица мед, малку рендан ѓумбир, сок од половина лимон.

Постапка: Ставете јаболков оцет во чаша и прелијте ја со топла вода. Додајте го медот, изрендајте ѓумбир, исцедете го лимонот и добро измешајте.

Пред да се напиете од лекот, наведнете се над чашата и направете 2 – 3 длабоки вдишувања. Овој лек ќе ја разреди слузта и ќе ги отвори дишните патишта, но има многу интензивен вкус, затоа пијте го почесто. По првиот напиток, носот ќе се одзатне.

Рен

Самиот мирис на свеж рен ги одзатнува дишните патишта. Обидете се да го јадете што е можно повеќе во салата или изрендајте свеж рен и измешајте го со мед. Консумирајте барем една лажичка од оваа мешавина трипати на ден.

Одморот е лек за сите болести

Одморот е најдобриот лек за настинки. Со сите горенаведени инстант и природни лекови, најбрзиот начин за одзатнување на носот е да имате доволно одмор и спиење. Дури и во текот на денот, обидете се да одвоите барем два часа одмор за да го подмладите вашето тело, да добиете многу потребна енергија и конечно – да го зајакнете имунитетот. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.

Loading...