Сок од аронија: детална постапка, најубавиот и најлековитиот сок кој спречува тешки болести

Аронијата расте во форма на грмушка што може да достигне висина од 1,5 до 2,5 м. Ако одлучите да ја одгледувате, треба да знаете дека нема многу работа ова растение, бидејќи може да издржи секакви услови.

Лековити својства на аронијата: спречува кардиоваскуларни заболувања; го регулира kpвниот притисок; го штити здравјето на уринарниот систем; ја стимулира функцијата на тироидната жлезда; ја подобрува меморијата и концентрацијата; го регулира нивото на шеќер во kpвта; го зајакнува имунитетот; одлично делува врз дигестивниот систем.




Денес ќе ви откриеме два рецепти за приготвување на сок од аронија. Сокот од аронија можете да си го купите или да си го направите. Ако одлучите сами да си направите сок, нема да згрешите бидејќи постапката е многу едноставна.

НМД.мк




Кога ќе созрее аронијата најдобро е прво да ја замрзнете, и тоа во пакувања од 1 килограм. Од 1 кг аронија се добива околу 700 мл сок, а некогаш и помалку. Аронијата добро поднесува ниски температури, па така, замрзнувањето не влијае врз нејзиниот квалитет.




Замрзнувањето има уште некои предности: кога се одмрзнува аронијата станува уште посочна, со повеќе сок и помало адстригено својство. Вака одмрзнатата аронија е добра за правење сок.




Сокот е најдобро да се приготвува од целосно одмрзнат плод кој ќе се помине низ машина за мелење месо или преса за цедење, па ќе се процеди – со што ќе се добие матичен сок од аронија, или како што некои го нарекуваат: „ладно цеден сок”.




Нема потреба на сокот да му се додава конзерванс или било што друго. Се пие без шеќер и засладувач. Некој има потреба да го разблажува со вода или да испие чаша вода после сокот и тоа е во ред. Направениот сок е најдобро да се испие истиот ден, односно да се чува 24 часа во фрижидер, па повторно, по потреба да одмрзнете за следната тура.




Сокот од аронија може на сличен начин да се направи и од свежи плодови, па потоа сокот да се замрзне. Но, еднаш одмрзнатата аронија не треба повторно да се замрзнува бидејќи ги губи своите лековити својства.




Се пие во количина од 1 до 3 ракиени чашки дневно. За здрави лица се препорачува 1 ракиена чашка сок, наутро пред појадок. За болни лица со наpyшен имунитет, 1 ракиена чашка пред секој оброк. Сокот од аронија се пие половина час пред оброк, за да може максимално да се искористат сите корисни состојки од овој феноменален напиток.

НМД.мк




Сокот од аронија не треба постојано да се пие во текот на целата година, бидејќи постои и друго овошје кое во сезоната е најдобро. Аронијата е погодна за зимскиот период и рана пролет. Сокот од аронија се чува на темно и ладно место, најдобро во фрижидер.

II Рецепт за сируп од аронија. Потребни состојки: 2 кг бобинки од аронија, 1 литар вода, 800 гр шеќер, 1 свежо исцеден лимон. Постапка: Во еден сад ставете шеќер и вода, па ставете го на оган додека да зоврие.




Штом зоврие и се формира сируп, додајте 2 кг свежо овошје. Мешајте додека сирупот да започне повторно да врие. Додека го мешате сирупот, притискајте ги бобинките за да можат што повеќе да ослободат од нивниот сок.

НМД.мк




Кога ќе се достигне точка на вриење, потребно е да почекате неколку минути, а потоа тргнете го сирупот на страна и оставете го да се излади. Процедете ја содржината и вратете ја на шпоретот да зоврие уште еднаш. Откако ќе зоврие, тргнете го го капакот и додајте свежо исцеден сок од еден лимон.

Промешајте и добиениот сок складирајте го во стаклени шишиња кои претходно сте ги стерилизирале и затворете ги со капачиња. Чувајте ги на темно и ладно место и консумирајте по потреба. Уживајте во овој здрав и вкусен пијалок.

Ја нарекуваат и намирница на иднината, бидејќи поседува исклучително лековита моќ за човековиот организам. Аронијата ефикасно го прочистува човековиот организам од штeтни материи и тeшки метали и затоа е корисна превентива против мaлигните заболувања.

Претходна статијаЕвтин природен лек: исчистете ги бубрезите и спречете воспаление
Следна статијаКонечно го пронајдов овој рецепт: совршена РАФАЕЛО ТОРТА, вистински рај за нашите сетила