Сочен колач со ореви, многу едноставна подготовка – се топи во уста

Фото и рецепт: ТијанаТасиќ

Потребни состојки:

1 јајце
150 г брашно
1 прашок за печиво
180 г шеќер
200 мл млеко
100 мл масло
1 ванилин шеќер
50 г мелени ореви

за крем:

125 г путер или маргарин
100 г чоколадо
250 мл млеко
8 лажици шеќер
230 г мелени ореви

Постапка:

Се мати јајцето со млекото и маслото, се додава шеќерот, ванилата и брашното помешано со прашок за печиво и мелени ореви.

Смесата се излева во намастен и набрашнет калап со димензии 21х24 см, па се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30/35 минути.

За крем: Во тенџере се става 125 г (половина коцка) путер исечен на листови, 100 г чоколадо искршено на коцки. 250 мл млеко и 8 лажици шеќер.

На тивон оган се загрева додека состојките да се растопат и соединат, па тргнете на страна и додадете 230 г мелени ореви. Промешајте, па додека е врел кремот излејте го врз печената кора и оставете да излади. Пред послужување наросете одозгора мелени ореви или цели јатки.

Фото и рецепт: ТијанаТасиќ

Loading...