Во најновата презентација на Катерина таа откри рецепт за подготвување на природен пестицид кој таа го користи во својата градина и бавча, за одбрана од штетници и болести на растенијата. Станува збор за куркума во прав и паста добиена од куркума, со огромно значење за еколошката заштита на билките.

„Приготвената паста добиена од куркума се користи за третирање на површински гребаници и помали рани кои можат да настанат при повреда кај човекот, а верувале или не, исто така делува и кај билките“, вели Катерина.

Особено, доколку доколку станува збор за премачкување на рани на дрвата и другите растенија кои настанале после кастрење и временски непогоди. Пастата од куркума, исто така, спречува појава на бактериски и габични инфекции, а го забрзува и процесот на зараснување.

Може да се користи како ефикасна заштита од мравки. Мравките, освен циметот, исто така ја одбегнуваат и куркумата. За да ги заштитите билките од нив, доволно е да посипете паста од куркума околу нив, но и на листовите или стебленцата, односно на секое место од каде сакате да се ослободите од нив.

Треба да се напомене дека при примена на ваквите природни методи е клучна упорноста и да не се откажувате лесно, зашто за поуспешни резултати, можеби некогаш ќе биде потребно да ја повторите постапката.

Доколку на листовите од билките забележите различни заболувања, испрскајте ги со раствор од куркума во сооднос 1:2 со вода. Прскањето се препорачува рано наутро, бидејќи росата на листовите подолго ќе го задржи правот од куркума.

Поктај тоа, додека работите во градините и се случи да ве укаса некој инсект, секогаш можете да посегнете по куркумата. Во две лажици куркума од прав додајте малку вода за да добиете маста која може да се мачка, па нанесете на местото. Брзо се впива во кожата и го намалува чешањето.

Ако доматите ги третирате со раствор од куркума, тие ќе добијат посладок вкус и ќе бидат поотпорни на болести. Видеопрезентацијата на Катерина можете да ја погледнете ОВДЕ. Прочитајте: Ставете една лажица од овој зачин во саксијата и цвеќињата буквално не ќе можат да навјасаат од цветање – ОВДЕ. ОД ОBА ЦВЕЌИЊАТА И ДОМАТИТЕ ЗБУВНУВААТ: Цветаат без прекин и даваат голем род, прочитајте ОВДЕ.