Знаете дека орхидеите цветаат од 2 до 6 месеци, но ако ги направите овие 9 работи, овие цвеќиња ќе цветаат преку цела година. За да имате постојано расцутена орхидеја во вашиот стан, треба да ги следите овие чекори:

Дознајте ја староста на орхидејата пред да ја купите

Орхидеите цветаат на возраст од 1,5 до 3 години. Возрасното растение, кое е подготвено за цветање, треба да има од 5 до 8 изданоци. Ако растението е младо, а веќе цветало, тоа не е добро. Премногу младото растение нема доволно сила да се опорави од цветањето, па може да се случи да се исуши или изгние.

Не ја поместувајте од своето место

Преместувањето на орхидејата од место до место е вистински стрес за неа. Овој цвет не сака ниту мали движења. Орхидејата реагира на својата положба во однос на светлината. Ако сте го преместиле поради полевање, мора веднаш да го вратите на истото место на кое претходно си стоело. Поместувањето негативно влијае на цветањето.

Обратете внимание на корењата

На корењата на орхидеите им е потребна светлина, исто како и на надземниот дел. Наместо керамички садови, многу е важно да се користат пластични транспарентни садови кои ќе им овозможат на корењата да учествуваат во процесот на фотосинтеза.

Грижете се за светлината

Сончевата светлина е многу важен фактор кој влијае на цветањето на орхидеите. На орхидејата и требаат 10 до 12 часа дневна светлина, во спротивно нема да цвета. Ако во есен или зима цвеќињата немаат природна светлина, мора да ги осветлите со светилки. Но, внимавајте, не треба да бидат изложени на дирекни сончеви зраци.

Соодветна температура

За да може орхидејата да процвета, ноќната температура треба да биде за 4 до 6 степени пониска од дневната температура. Во текот на летото се советува орхидејата да се чува на отворено, додека во зима просторијата во која престојува орхидејата мора да се проветрува. Но, бидете внимателни – орхидејата не сака провев! Нејзиното место треба да биде заштитено.

Полевајте ја орхидејата правилно

Пред и за време на цветањето, орхидејата треба да се наводнува со прекини. За време на периодот на мирување, полевајте ја орхидејата на секои 12 дена. Ако листовите и се бледи, оставете ја да одмори малку.

Кога ќе ја заливате, натопете ја во вода (корењата) и оставете ја приближно еден час. Потоа добро исцедете го вишокот вода и вратете ја орхидејата на своето место. Бидете сигурни дека добро се исцедила, во спротивно, корењата може да скапат.

Влажност на воздухот

Друг важен услов за цветање на орхидејата е влажноста на воздухот. За да ја зголемите влажноста, ставете чинија со вода до орхидејата. Во текот на зимата, кога е вклучено греењето, прскајте го растението со вода. Орхидејата сака влажност на воздухот до 60%.

Изберете го вистинското ѓубриво

Орхидејата сака калциум и фосфор, бидејќи тоа го поттикнува цветањето. Никогаш не ја полевајте орхидејата со ѓубриво на база на азот, тоа само ќе ја уништи.

Орхидејата мора да се исплаши

За да процвета орхидејата потребно и е малку стрес! Да, добро слушнавте! Мора да го направите ова ако орхидејата ги има сите услови, а сепак не може да цвета. Ова се случува затоа што орхидејата се чувствува премногу добро.

Затоа треба малку да и се „заканувате“, да ја шокирате: намалете го наводнувањето или преместете го растението на поладно место!
Забелешка: Кога орхидејата ќе престане да цвета, мора да се грижите за неа на ист начин како во фазата на цветање.

Се пресадува по 2 до 3 години, кога корењата ќе почнат да му „излегуваат“ од саксијата. Исто така, орхидејата не сака „удобна“ саксија, затоа погрижете се кога ќе ја пресадувате, тоа да е помала саксија што ќе ги држи корењата блиску еден до друг.