„Сочна пита со јаболка од бабините рецепти – вкус што ќе ве врати во детството!
Оваа пита со јаболка е вистинска магија од вкусови, наследена од бабините тетратки, а усовршена со малку љубов и креативност, пишува НМД.
Комбинацијата од тенки кори, сочен фил од јаболка и слаткиот сируп со арома на каранфилче создава десерт што буквално се топи во уста.
Совршена за есенските денови или кога сакате да ги израдувате вашите најблиски со нешто едноставно, а неверојатно вкусно.
Пробајте ја и препуштете ѝ се на уживањето!
Коментари од оние што ја пробале:
– „Моите деца не престануваат да ја бараат! Никогаш не сум направила толку сочна пита, а сирупот е фантазија!“ – Марија
– „Маж ми буквално ја проголта питата! Ова е новото омилено слатко кај нас дома.“ – Елена
– „Додавам малку цимет и ореви, и секој пат излегува совршено. Благодарам за рецептот!“ – Соња
Потребни состојки:
– 500 г кори за баклава
– 1 кг јаболка (најдобро бели делишес)
– 500 г шеќер
– 500 мл вода
– 100 г путер/маргарин
– 100 мл масло
– 3 зрна каранфилче (за сирупот)
– 3 лажици лебни трошки (презла)
– По желба: цимет, мелени ореви, сок од лимон
– НМД
Постапка
1. Подготовка на сирупот:
Во тенџере ставете го шеќерот и водата, додајте ги трите зрна каранфилче за прекрасна арома и оставете да зоврие.
Откако ќе зоврие, намалете ја температурата и варете уште 5-7 минути. Потоа тргнете го сирупот настрана и оставете го целосно да се излади.
(Совет: ако не сакате каранфилче, можете да додадете малку сок од лимон за свежина.)
2. Подготовка на филот од јаболка:
Излупете ги јаболката, изрендајте ги и ставете ги во тава на средна температура. Додајте малку шеќер (околу 2-3 лажици) и динстајте ги додека да пуштат сок и омекнат.
На крај додајте 3 лажици ситно мелени лебни трошки за да го впијат вишокот сок – ова ќе помогне питата да остане сочна, а не водена.
Оставете го филот да се излади. (Совет: по желба можете да додадете малку цимет или мелени ореви за дополнителен вкус.)
3. Подготовка на корите:
Растопете го путерот и помешајте го со маслото. Земете две кори за баклава, премачкајте ги со мешавината од путер и масло, па на едниот крај ставете од филот со јаболка.
Завиткајте ги во ролати, внимавајќи филот да биде рамномерно распределен. Повторете го процесот додека да ги потрошите сите кори и филот. Треба да добиете околу 6 ролати.
4. Редење и сечење:
Наредете ги ролатите во плех со соодветна големина (должината треба да одговара на плехот).
Со остар нож исечете ги ролатите на парчиња со саканата големина. Премачкајте ги одозгора со остатокот од мешавината од путер и масло.
5. Печење:
Печете во загреана рерна на 200°C околу 25-30 минути или додека питата да добие убава златно-кафеава боја.
6. Преливање со сируп:
Откако питата е готова и сè уште е топла, прелијте ја со оладениот сируп. Оставете ја да отстои барем 1-2 часа за да го впие сирупот и да стане уште посочна.
Алтернативен начин – Штрудла од лиснато тесто:
Ако немате кори за баклава, можете да користите лиснато тесто. Направете го истиот фил од јаболка, но без додавање на сируп и маснотии.
По печењето, посипете ја штрудлата со шеќер во прав – добивате брза и едноставна верзија на овој класичен десерт!
Совет за послужување:
Послужете ја питата со шолја топло кафе или чај. Уживајте во секој залак од овој едноставен, а толку магичен десерт!