Оваа слоевита салата со ротквици е совршена за свечен ручек или за слава. Шарена е, многу е вкусна и многу лесно и брзо се приготвува. Се состои од само четири главни состојки и сос чија база е јогурт/павлака и мајонез.

рецепт 1




Оваа салата со ротквици изгледа преубаво на свечената трпеза, не само како додаток на јадењата, туку и како украс. Иако ротквиците речиси секогаш можат да се најдат на пазарите, ако случајно не им е сезона, може да ги замените со некој друг коренест зеленчук или нешто друго по ваша желба. Не го пропуштајте ниту вториот рецепт за „бела мимоза салата“. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 варени јајца, 1 врзоп црвени ротквици, 200 г кашкавал, белиот дел од 1 страк праз, 3 лажици цврст јогурт или кисела павлака, 1 супена лажица мајонез, сол, црн пипер, сечкан власец или нешто зеленко за декорација

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 компири со средна величина, 200 г мајонез, 500 г свежо сирење, 2 чаши од 180 г кисела павлака, 100 г пилешка шунка, 100 г гауда или кашкавал по ваш избор, 3 тврдо варени јајца

рецепт 2




рендани јајца

ПОСТАПКА за рецепт 1: Јајцата тврдо сварете ги, па оладете ги низ млаз ладна вода. потоа излупете ги и во посебен сад изрендајте ги на крупната страна од рендето. Во посебни садови, исто така на крупната страна од рендето изрендајте ги ротквиците и кашкавалот.




Во еден помал сад измешајте три полни супени лажици цврст јогурт или кисела павлака, со една полна лажица мајонез. Посолете и зачинете со мелен црн пипер или додајте зачини по ваш вкус. промешајте додека состојките да се изедначат.




РЕДЕЊЕ (во длабока стаклена/транспарентна чинија): на самото дно распоредете ги варените јајца, па врз нив нанесете го приготвениот сос. Израмнете па наросете го ситно сечканиот праз. Врз него наредете го ренданиот кашкавал и на крај завршете со ренданата ротквица.




ПОСТАПКА за рецепт 2: Компирите сварете ги во лушпа. Оставете да се оладат, па излупете ги и изрендајте ги на дното од садот во кој планирате да ја послужите салатата. малку посолете ги по вкус.




Ренданите компири премачкјате ги со 100 г мајонез. Наредете го свежото сирење и со лажица распоредете го и израмнете. Сирењето пак, одозгора премачкјате го со една чаша (180 г) кисела павлака.




Изрендајте го кашкавалот па наросете го врз павлаката. Врз кашкавалот изрендајте ги тврдо варените јајца, а преку нив изрендајте ја белата пилешка шунка. Одозгора премачкјате со преостанатите 100 г мајонез. Одозгора декорирајте со кругови варени јајца или по вкус.