ШЕРБЕТНИ КОЛАЧИ СО ГРИЗ…Се топат во уста како локум…

Запишете си го сега рецептот, а направете ги кога ќе ви се пријаде вкуснен десерт кој се топи во уста..Многу лесен, едноставен и економичен рецепт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чајна чаша од 120 мл):

За тесто:
1 чајна чаша масло
1 чајна чаша јогурт
1 чајна чаша гриз
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванила
1 јајце
3 чаши брашно

За шербет:
3 чаши шеќер
3 чаши вода
5-6 капки лимон

За валање на колачите:
гриз
За посипување одозгора:
мелени/сечкани ф’стаци (по избор)

ПОСТАПКА:

1.Прво пригответе го сирупот: во тенџере сипете шеќер, вода и неколку капки лимон и измешајте. Откако ќе почне да врие на шпорет, се вари уште 10 минути на ниска температура и потоа се трга од шпоретот.

2.За тестото измешајте јогурт, масло и јајце. Замесете тесто со додавање на гриз, прашок за печиво, ванила и брашно малку по малку. Многу е важно брашното да го додавате постепено.

3.Кога ќе добиете компактно тесто, уште малку измесете го со рака, па развлечете го во кора со пречник од приближно 30 см (ниту премногу тенко, ниту премногу дебело).

4.Вадете ги колачите со помош на модла, чаша или едноставно исечете ја кората на квадратчиња, триаголници или облици по ваш избор.

5.Во чинија сипете гриз, па секое од колачите валајте го во гриз, а потоа редете ги во плех за печење.

6.Печете ги во загреана рерна на 200 степени додека сосем малку да поруменат. 10 минути откако ќе ги извадите од рерна, прелијте го со ладен шербет.

Треба да бидат малку розевки кога ќе ги извадите од рерна. А, штом го истурите шербетот, нивната боја ќе стане потемна.

7.Оставете ги најмалку 1-2 часа за да го впијат шербетот, а најдобро би било преку цела ноќ. По желба декорирајте со мелени фстаци или по желба. Постапката погледнете ја ОВДЕ.