I РЕЦЕПТ – Едноставен, нежен колач за кој многумина сметаат дека е најдобриот кога станува збор за меките колачи со јаболка. Руската Шарлотка е еден од омилените есенски и зимски колачи. Можете да го приготвувате во тркалезен или правоаголен калап, па дури и во калап за куглоф.

Потребни состојки: 5-6 поголеми јаболка, 3 јајца, 200 г шеќер, 125 г брашно, цимет и шеќер во прав

Постапка: Веднаш вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени, бидејќи колачот многу брзо се приготвува. Дното на еден тркалезен калап прекријте го со хартија за печење или добро намастете го со путер.

Јаболката измијте ги, излупете ги, исчистете ги од семки и исечете ги на коцки со средна величина, па наредете ги директно во претходно приготвениот калап со пречник од 22,5 см.

Потоа изматете ги јајцата заедно со шеќерот со помош на електричен миксер додека да станат пенливи, а поголемиот дел од шеќерот да се растопи. Додадете ванила, 1-2 кесички по желба, просеано брашно и добро промешајте.

Матете на најслаба брзина или рачно со помош на лажица или шпатула. Смесата треба да биде доста густа. Добиеното тесто прелијте го преку јаболката и ставете да се пече во загреаната рерна, околу 55-60 минути.

Кога колачот е готов оставете го во калапот 10-тина минути, а потоа превртете го во чинија за послужување, така што јаболката ќе дојдат на врв. Одозгора наросете со шеќер во прав и цимет. Колачот е лесен како пердув. / Uspesnazena.com

II РЕЦЕПТ – Пита со јаболка – се топи во уста, нежна и вкусна. Ова е италијанска шарлотка. Колачот е едноставен за приготвување и многу е вкусен.

Потребни состојки: 180 г пченично брашно, 4-5 јаболка, 130 г шеќер, 50 г путер, ½ прашок за печиво, 2 жолчки, 130 мл млеко, 1 прстофат сол

Постапка: I Жолчките се матат со шеќерот додека тој да се растопи и смесата да стане светла и пенаста.

II Путерот растопете го во микробранова печка (или на пареа) и половината од целата количина се додава во изматените жолчки. Се додава млеко и се меша.

III Се додава прстофат сол, просеано брашно и прашок за печиво. Сето добро го промешуваме.

IV Калапот се обложува со хартија за печење па се излева смесата.

V Излупените јаболка ги сечеме на парчиња.

VI Ги редиме врз смесата вертикално. Колку повеќе јаболка, толку колачот ќе биде повкусен.

VII Одозгора прелеваме со преостанатата половина од растопениот путер и поросуваме со 3 лажици шеќер.

VIII Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути (или додека да порумени).