Киндер штанглите се многу декоративни, но и многу вкусни. Особено е погодна да се приготвува во летниот период, бидејќи нема потреба од вклучување на рерна. Постапката за приготвување е многу лесна, нема ништо комплицирано, секој може да ги прави – Полимка.




Потребни состојки: 500 г шеќер, 200 мл вода, 250 г путер или маргарин, 500 г млеко во прав, 400 г желе бонбони, 2 поголеми листа обланда.

Постапка: во поголем сад ставете ги шеќерот и водата, па варете додека шеќерот целосно да се растопи, а потоа додајте го путерот/маргаринот исечкан на помали парчиња и варете уште 2 минути.




Во посебен сад ставете го млекото во прав, па започнете постепено да го додавате врелиот сварен сируп непрекинато матејќи со миксер. Добро изматете па изладете, додајте ги сечканите желе бонбони.




Желе бонбоните не ги сечкајте премногу ситно, туку со средна големина. Смесата рамномерно излејте ја помеѓу два листа обланди (со рапавата страна од внатрешна страна).

Оптеретете со нешто одозгора, па оставете добро да се олади пред да ја сечете на штангли со големина по ваша желба. / Полимка / Сооlinarika.com Можеби ќе ве интересира и следниот рецепт за штангли готови за 15 минути:




Штангли „ШВАЈЦАРСКО ЧОКОЛАДО“ – За 15 минути е готово / Фото и рецепт: Сузана Митиќ

Потребни состојки: 500 г шеќер, 200 мл вода, 250 г маргарин/путер, 250 г млеко во прав, 100 г сечкани кикирики, 100 г сечкани ореви, 100 г лешници, 100 г суво грозје. За глазура: 200 г чоколадо и 6 лажици масло.




Постапка: густо сварете го сирупот во вода и шеќер. Кога е готов тргнете го од оган, па додајте го путерот ситно исечкан на листови. Промешајте за да се растопи. Додека мешате постепено додавајте го млекото во прав и матете со миксер додека да се изедначи смесата.




Потоа додајте сечкани кикирики, ореви, лешници и суво грозје (или суво овошје по ваш вкус). Добиената смеса разлејте ја во намастен калап или обложен со проѕирна фолија, со димензии 30х20 см. Рамномерно распоредете и израмнете.




Чоколадото растопете го на пареа и промешајте го со маслото, па излејте го врз колачот рамномерно. Следниот ден откако ќе отстои во фрижидер, сечете го на коцки, штангли или форми со големина по ваша желба. Колачот е многу вкусен и декоративен. Киндер штанглите се приготвуваат за 20 минути, а ова е рецептот:

Киндер штангли за 20 минути – брз колач без печење, децата многу го сакаат

Потребни состојки за темен слој: 150 г шеќер, 100 мл вода, 125 г путер/маргарин, 50 г чоколадо, 150 г мелени бисквити, 150 г мелени ореви. За бел слој: 200 г шеќер, 50 мл вода, 125 г путер/маргарин, 200 г млеко во прав




Постапка за приготвување на темниот слој: во еден сад ставете шеќер и вода да се вари додека шеќерот да се растопи. Додајте путер и чоколадо да се растопат, па тргнете од оган и додајте мелени бисквити и ореви. Добро измешајте. Смесата ставете ја во претходно намастен калап 25х20.




Постапка за приготвување на белиот слој: пенасто изматете го путерот со млекото во прав. Во еден сад ставете шеќер и вода па гответе додека да добиете густ сируп. Топол додајте го во тенок млаз во смесата од изматениот путер и млекото во прав, со постојано миксање околу 1-2 минути.




Додека е уште топло (смесата брзо се стега) се излева преку темниот слој, се израмнува и се остава да се излади.