Оваа намирница ви помага да ослабете – а, особено им се препорачува на жените во менопауза! Тајната е во супер здравата кето намирница – авокадото!

На многу жени им е тешко да ја контролираат својата тежина за време на менопаузата.

Многумина мислат дека се работи за лоша исхрана и недоволно вежбање, но всушност хормоналните промени можат да имаат подеднакво негативно влијание на фигурата.

Кога нивото на естроген и прогестерон почнува да опаѓа, ризикот од зголемување на телесната тежина се зголемува.

Здравата и урамнотежена исхрана, физичката активност и детоксикацијата се клучни за спречување на дебелината. Има намирници кои треба да се избегнуваат, како шеќер, мрсна и претерано солена храна, брза храна итн…

Но има и такви кои особено се препорачуваат и можат да помогнат во процесот на слабеење. Една од нив е моќното авокадо.

Едно средно авокадо има 234 калории, содржи корисни масти, но тоа не значи дека ќе се здебелите со консумирање на оваа суперхрана.

Ова овошје има совршена комбинација од растителни влакна и масти, а истражувањата покажуваат дека по консумирањето на авокадо ќе бидете сити долго време и ќе ви се намали апетитот.

Истражуивањата покажале дека луѓето кои јадат авокадо имаат тенденција да јадат помалку во текот на денот и да внесуваат помалку калории кога го имале овој плод за ручек, што резултира со губење на тежината.

Исто така, авокадото се смета за храна која може да го балансира естрогенот.

Во авокадото се содржи вид на шеќер наречен манохептулоза, и овој шеќер помага во начинот на кој вашето тело го користи инсулинот – помага да се намали отпорноста на инсулин.

Значи, во основа авокадото е совршена комбинација на растителни масти, влакна и јаглехидрати кои му сигнализираат на вашето тело да согорува повеќе масти.

Овој природен процес го спречува телото да складира повеќе масти. Наместо тоа, телото оди во режим на согорување маснотии, поради што авокадото го нарекуваме „кето храна“.

Освен за слабеење, авокадото е одлично за зајакнување на имунитетот, содржи повеќе калиум од бананите, богато е со влакна, разни витамини и минерали, го намалува холестеролот и е одлично за здравјето на очите и за зачувување на видот.

Прочитајте: „КАКО СЕ ОСЛАБУВА ПО 50-тата? Со 3 клучни правила секогаш ќе бидеме витки, а еве кои намирници треба да се избегнуваат“ОВДЕ.