Смоквите потекнуваат од Египет а се употребувале во исхраната уште пред 11000 години. Свежите смокви ги има само краток период од годината, но затоа сувите смокви и џемовите подготвени од нив, може да го заменат шеќерот во многу рецепти за вкусни колачиња.

Следат неколку нутритивни информации кои можеби ќе ве изненадат и ќе ве мотивираат повеќе да ги вклучите смоквите во исхраната:​

1.Ова може да биде вашето прво изненадување: смоквите помагаат во изградбата на посилни коски! Ги содржат основните градбени состојки на коската: триото составено од магнезиум, калциум и витаминот К2.

Калциумот без магнезиумот е инертен. А без витаминот К2, калциумот може да се одалечи од коската и да навлезе во крвта па да се создадат кристали и талог во крвите садови.

2.Смоквите се добри за здравјето на срцето. Со минимизирање на талогот од калциум во крвните садови, магнезиумот и калиумот од смоквите се од суштинско значење за одржување на здравјето на срцето и нормалниот крвен притисок.

3.Смоквите се богат извор на влакна: растворливи и нерастворливи. Растворливите растителни влакна помагаат во бавното варење и ве прават да се чувствувате сити. Исто така, помагаат во регулацијата на шеќерот во крвта. Помагаат и при смирување на синдромот “нервозно дебело црево“.

Нерастворливите влакна пак, помагаат при чистење на отпадот од дебелото црево а со тоа го елиминираат запекот. И двата вида влакна се одлична комбинација за регулирање на телесната тежина.

4.Смоквите помагаат во намалување на нивото на серумските триглицериди во крвта. Триглицеридите се сметаат за релевантни маркери при дијагностицирање на срцеви заболувања, дебелина и холестерол.

5.Сувите смокви се на врвот од топ листата на суво овошје богато со антиоксидансот фенол. Овој антиоксиданс се покажал како одлично средство за подобрување на видот, па дури и поефикасен од некои антиоксиданси кои ги има во зеленчукот, на пример во морковот.

6.Смоквите спаѓаат во алкалната група храна, која му помага на телото во одржување на неговата оптимална 7,0-7,4 pH вредност.

7.Смоквите содржат висок процент на железо, минерал кој помага во создавањето на црвените крвни клетки, и ја спречува анемијата. Бремените жени наместо да грицкаат кисели краставички и чоколади, треба да јадат повеќе суви смокви.