Во групата НМД рецепти денес имавме одличен рецепт за зимница претставен од Миле Николоски.

Станува збор за мали лути пиперчиња печени на тостер, а рецептот е одличен за сите оние кои живеат во стан и ги немаат вообичаените услови за приготвување на зимница. Печените пиперчиња на тостер се многу повкусни од оние печени во рерна…

„Лути пиперчиња за зима“ – фото: Миле Николоски

Еве го рецептот на Миле Николовски:

„Рецепт за пиперчиња ЛУТИ:

„Мали лути црвени пиперчиња ги печам на тостер, потоа цели или сечени на парчиња ги ставам во пластичен сад, ги поливам со маслиново масло, сечкан лук, малку јадра сол, сечкан магдонос. Луто има за цела зима.“

„Лути пиперчиња за зима“ – фото: Миле Николоски

Со здравје да се јадат лутите пиперчиња, кои се одлични за здравјето, особено на срцето, но и за имунитетот, бидејќи освен витамин Ц содржат и многу значајна состојка наречена капсаицин.

„Лути пиперчиња за зима“ – фото: Миле Николоски

За оние кои сакаат да прават непечени лути пиперчиња:

Потребни состојки: 4 кг пиперчиња, 1 литар алкохолна киселина (бел оцет 9%), 3 литри вода, 6 лажици шеќер, 7 лажици сол, 5 г конзерванс (не мора ако правите пастеризација). Може да користите мали, ситни и тенки пиперчиња, но според овој рецепт може да направите зимница од какви сакате пиперки.

„Лути пиперчиња за зима“ – фото: Миле Николоски

Постапка: Во широко и длабоко тенџере или голем лонец ставете да се проварат оцетот, водата, солта и шеќерот. Кога малку ќе излади додајте го конзервансот доколку сакате да има долг пок на траење, но не мора доколку правите пастеризација, па ни тогаш, изборот останува на вас.

„Лути пиперчиња за зима“ – фото: Миле Николоски

На пиперчињата исечете им ги дршките. Измијте ги убаво и исцедете ги од водата, па наполнете ги во чисти и стерилизирани тегли. Потоа прелијте ги со течноста и потиснете ги со пластичен решеткаст потисок. Затворете ги теглите. Објаснувањето и деталите за саламурата прочитајте ги подолу:

„Лути пиперчиња за зима“ – фото: Миле Николоски

КОМЕНТАР: За подготовка на 2% кисело-солен раствор кој може да се употреби за прелевање на зимница од лути пиперки, слатки кинети пиперки, туршија или шарена салата се користи: 9% алкохолна киселина (бел оцет кој обично се користи за салати) и јодирана кујнска сол.

„Лути пиперчиња за зима“ – фото: Миле Николоски

Овој кисело-солен раствор се приготвува со следната математичка формула: 9% : 2% = 4,5 литри течност. Односно, 4,5 – 1 = 3,5 литри вода. Значи, во еден литар оцет се става 3,5 литри вода за да се добие концентрација од 2% киселина. А за солта:

Количината на сол приближно се одредува на следниот начин: 1 рамна кафена лажичка изнесува 10 грама, а 1 рамна супена лажица изнесува 15 грама. За да се добие концентрација на сол од 1%, во 1 литар кисел раствор треба да се стави 1 кафена лажичка.

Напомена: кај шарената салата не се става сол зошто зеленчукот претходно е веќе посолен. При разредување на агpecивна концентрација (есенција 80%), треба да се имаат на ум следните две работи:

-Киселината се влива во водата, а не обратно! (значи, прво ставете ја водата, а потоа во неа долејте ја киселината) и -есенцијата се разредува во следниот сооднос: 1 литар 80% киселина се разредува со 40 литри вода за да се добие 2% киселина.

Во чисти тегли (претходно стерилизирани во рерна на 90 или 100 степени или пак, испрани во машина за садови) се реди зеленчукот и се прелива со ладниот кисело-солен раствор со зачини по вкус. Не е потребно претходно варење на киселината, солта и зачините.

Рокот на траење е околу една година. При пастеризација (10 минути варење на 70-100 степени), тогаш се намалува киселоста на 1%, а сол и зачини се става по вкус.

„Лути пиперчиња за зима“ – фото: Миле Николоски