Рецепти за домашна бајадера има повеќе од „милион“. Сите тие се одлични и верувам дека секој си има омилен рецепт во својот тефтер, но овој за мене е најдобриот.

Неколку состојки се ставаат по 150 грама и по тоа најлесно го препознавам кога го пребарувам низ другите рецепти, па затоа и таков наслов му дадов. Сите што ќе ја направите оваа бајадера ќе бидете воодушевени од вкусот. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г шеќер, 10 лажици вода, 150 г маргарин, 150 г бисквити, 150 г ореви, 3 штангли (околу 50 г) чоколадо. За глазура: 3 штангли чоколадо, 1 лажица масло

ПОСТАПКА: Во тенџере сипете ги шеќерот и водата и варете го на умерен оган додека да почне да пени. 10 лажици е околу 70-80 мл. Доволно е само водата да го покрие целиот шеќер за да се растопи.

Додајте маргарин исечен на коцки, промешајте за да се растопи и соедини со сирупот, па додајте ги мелените бисквити и мелените ореви. Сето соединете го во компактна смеса.

Поделете ја смесата на 2 дела (околу 9 лажици ми е половина од целата смеса) и во едниот ставете 3 штангли чоколадо – околу 50 г. Убаво измешајте ги смесите во чинијата каде што сте ги одвоиле, тоа го забрзува ладењето.

На плехот каде што ќе ја истурите бајадерата, ставете хартија за печење (или само подмачкајте ја), распоредете ја темната маса, па одозгора поставете друго парче хартија и со помош на оклагија поминете за да го израмните слојот (или користете рамно дно на некој друг помал сад (јас така правам ).

Распоредете ја белата смеса врз црната и повторно израмнете со помош на хартијата. Никако не ставајте ја хартијата врз врелата смеса, зашто ќе се залепи, туку почекајте само кога ќе се излади доволно за да може да се обликува со рака.

Чоколадото растопете го со лажица масло. Кога ќе се стегне бајадерата премачкајте ја со оваа глазура. Кога ќе се стврдне глазурата се сече со тенок нож, претходно загреан во врела вода и пребришан со чиста, сува салветка. / Веца01 / Сооlinarika.сom