Веројатно сте чуле безброј пати дека појадокот е најважниот оброк во денот. Но, ако не сте од оние што редовно јадат наутро, можеби следниве факти ќе ве убедат да се премислите:

По спиење, одмор и долги часови без храна, на телото му е потребна енергија. Концентрацијата на шеќер во кр-вта е мала и мозокот итно има потреба од јаглехидрати. Појадокот ќе го балансира нивото на шеќер во кр-вта, а потребно е да појадувате не подоцна од еден час по будењето.

Појадокот обезбедува добра концентрација и меморија. Ако не појадувате, ќе ви недостасува енергија цел ден. Кога телото ќе научи да не појадува, се обидува да заштеди енергија и хранливи материи од храната што се ја јаделе претходната вечер. Така, наместо да согорува, складира калории и килограми, со цел да создаде резерви на енергија за периоди без појадок. На овој начин се нарушува метаболизмот.

Само затоа што не појадувате не значи дека ќе изгубите во тежина, напротив телото троши калории најбрзо и го забрзува метаболизмот ако појадувате редовно и малку по малку.

Ако појадувате, ќе имате здрав апетит во текот на целиот ден. Ова не значи дека ќе се прејадете, но апетитот постепено ќе се намалува од утро до вечер, исто како што треба: појадокот треба да биде најобилен, ручекот малку помалку обилен, а вечерата лесна.

Ако го прескокнете појадокот, ќе започнете да јадете слатка, калорична и ”нехранлива” храна за неколку часа, бидејќи на вашето тело му треба шеќер. Значи, појадокот ви овозможува да јадете здраво во текот на целиот ден.

Шеќерот од слатките одеднаш го зголемува шеќерот во кр-вта, па инсулинот паѓа нагло, предизвикувајќи чувство на глад. Ова исто така го забрзува создавањето на залихи. Меѓутоа, ако консумирате јаглехидрати, како што се житарките, нивото на шеќер се зголемува побавно и не предизвикува шок во организмот, како што тоа го прават едноставните шеќери. Инсулинот постепено се намалува и чувството на ситост трае подолго.

Ако го прескокнете појадокот, нема да можете да ги надоместите изгубените хранливи состојки во текот на денот. Оние кои го прескокнуваат појадокот имаат многу поголема веројатност да имаат висок ше-ќер во крвта и покачен холестерол.

Секоја вечер, нашето тело останува без храна и вода околу 10 – 12 часа. Телото треба да појадува, дури и ако веднаш по станување не чувствуваме глад. Значи, ако не сте гладни наутро, обидете се да се разбудите малку порано и ќе забележите дека ќе се појави чувството на глад после некое време.

Дисциплината на дневните оброци и нивните соодветни часови кога се консумираат е еквивалентна на кратко, средно и долгорочно здравје. Доколку имате редовни оброци ефектите се чувствуваат уште во првите денови. Појадокот е основен оброк за да го започнете новиот ден со потребната енергија и виталност.

Навиката да се јаде наутро може да ве ослободи од заморот, од гладот ​​кој се појавува околу 11 часот и од малите закуски помеѓу оброците. Појадокот е многу важен за нашето тело, од него се црпи целата енергија за телото да функционира во следните неколку часа, барем до пладне.

Лесен и избалансиран оброк е сè што ви треба. Појадокот не само што го снабдува со енергија вашето тело, туку го храни и вашиот мозок. Докажано е дека децата кои редовно појадуваат имаат подобри резултати на тестовите на училиште, а возрасните се попродуктивни на работа.

Ако цело утро зјапате во екранот од мониторот без да исполните ниту една задача, тогаш причината за вашата непродуктивност можеби се крие во тоа што сте го започнале денот со две чаши кафе наместо со обилен здрав оброк. Јадењето наутро ја подобрува концентрацијата и ја зголемува способноста за концентрација.

Веројатно имате почувствувано дека е тешко да се сконцентрирате додека ви кркори стомакот. Ако сте меѓу оние кои редовно го прескокнуваат утринскиот оброк, правите голема грешка затоа што тоа е најважниот оброк во текот на денот.

Појадокот го стимулира метаболизмот и му ја дава на организмот потребната енергија за извршување на дневните обврски. Тој е исклучително важен, па доколку го прескокнете, ќе јадете повеќе отколку што сте планирале до ручекот.

Истражувањата сугерираат дека прескокнувањето на појадокот е сосема погрешна тактика доколку некој сака да ги намали вишокот килограми. Доколку го пропуштите појадокот, има многу поголема шанси да бидете ”нападнати” од ненаситниот глад во текот на денот, што ќе ве принуди да ја „зграбите“ првата храна што ќе ви се најде на патот. Забележана е поголема инциденца на дебелина кај луѓето кои не појадуваат.

Според резултатите од неколку различни студии, децата кои не појадуваат редовно имаат помалку добри перформанси и имаат помал успех во решавањето на проблемите со кои се соочуваат на училиште. Слично влијание, односно прескокнувањето на појадокот, има големо влијание врз когнитивните способности, креативноста и можноста за стекнување нови знаења.

Ако немате многу време наутро, секогаш можете да испиете еден јогурт набрзина. Тоа е мал оброк, но многу моќен појадок кој содржи 18 грама протеини во 170 грама. Исто така, една порција јогурт со малку маснотии содржи околу 100 калории. Додадете бадеми или овошје богато со растителни влакна, како што се крушите, и уживајте во лесен, но многу вкусен оброк.

Доколку не можете да се навикнете да појадувате наутро, изедете барем едно јаболко или мандарина. Додека многумина не можат да замислат да го започнат денот без утринското кафе, многу подобро е да се пие зелен чај за кој е утврдено дека го забрзува метаболизмот. Доколку сакате да се ослободите од вишок килограми, нутриционистите советуваат за појадок да се консумираат варени јајца без леб.

Според Американската асоцијација за диети, добар појадок вклучува млеко или млечни производи како најдобар извор на протеини и калциум, интегрални печива или житни култури, како извор на сложени јаглехидрати и овошје или овошен сок како извор на диетални влакна и некои витамини и минерали.

Списокот на најдобри намирници за појадок вклучува: интегрален леб и печива, цели зрна и житарки, овошје (сезонско или сушено), зеленчук, млеко и млечни производи, урда, овесна каша, семе и ореви, мешунки, тврдо варени јајца, салата. Протеините се главниот извор на енергија, а во организмот се задржуваат подолго отколку јаглехидратите, па освен што ќе ја подобрите виталноста, веројатно и вашиот апетит ќе биде намален.

Секој нутриционист советува задолжителен појадок на патот до витка линија. Појадокот ги намалува шансите да посегнете по која било храна во текот на денот. Иако се чини дека нема директна врска помеѓу појадокот и слабеењето, многу студии покажуваат дека луѓето кои редовно појадуваат се помалку склони кон дебелеење.

Кога телото е гладно, согорува калории побавно за да заштеди енергија, а јадењето после спиење обезбедува поефикасно и побрзо согорување на калориите во текот на денот. Ако го прескокнете најважниот оброк, му ги одземате на телото хранливите материи кои се одговорни за неговото нормално функционирање.

Поради недостаток на хранливи материи, организмот „складира“ калории за да се подготви за следното гладување, а сето тоа го успорува метаболизмот, што доведува до лошо варење на храната, бројни нарушувања и болести.

Секој оброк, особено житарките, го храни вашиот мозок и со тоа ја подобрува концентрацијата и меморијата. Сепак, прекумерниот внес на калории наутро може да ве направи слаб и деконцентриран, па лекарите веруваат дека оптималниот внес е помеѓу 350 и 500 калории за појадок.

Покрај тоа што ве заситува веднаш, појадокот ќе спречи прејадување и непотребни закуски во текот на денот. Ако јадете во исто време секој ден, вашето тело ќе се навикне на распоредот и ќе се чувствувате гладни само кога ќе дојде време за планираниот оброк.

Редовниот појадок на житни култури го намалува нивото на лош холестерол во крвта, што предизвикува запушување на крвните садови и срцев удар. Консумирајќи помали количини храна од животинско потекло, повеќе житарки и зеленчук, организмот непречено ќе ги извршува своите функции без никаков проблем.

I рецепт: Лесно и брзо овошно смути

Потребни состојки: 1 банана, ½ чаша јогурт, 1 чаша свежо млеко, 1 лажичка мед, 1 лажичка какао, 1 лажица мелени ореви или лешници.

Постапка: Ставете ги сите состојки заедно во блендер, и соединете ги додека не добиете течна смеса. На самиот крај, додадете какао, и вашиот оброк е подготвен за сервирање. Ова е исклучително здрав оброк за почеток на училишниот ден.

II рецепт: Овесна каша која се подготвува за помалце од 5 минути

Потребни состојки: 75 г овесна каша, 300 мл топло или ладно млеко (во зависност од вкусот), 3 лажици мелени ореви или лешници, 3 лажици суво овошје (суво грозје, брусница и сл.), 1 лажичка домашен мед.

Постапка: Измешајте ги сите состојки и на крајот прелијте со млекото. Подготовката на овој вкусен оброк трае помалку од 5 минути, и е одличен избор за оние кои немаат многу време наутро. Повеќе за овесната каша прочитајте ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.

Ако сакате да го прочитате и мислењето на познатиот кардиолог, кој се спротивставнува на нутриционистичкото тврдење за појадокот, истото можете да го прочитате на линот ОВДЕ.