Рецепт и видео презентација на Сара од Мои Домашни Рецепти: Брз освежителен колач кој се приготвува без печење во рерна и без варење. Едноставно и лесно се приготвува со многу вкусен и нежен крем, пишкоти (бисквити за тирамису) и јагоди или некое друго овошје по ваш вкус.

Потребни состојки: 150 г пишкоти (бисквити за тирамису), 200 мл млако млеко, 500 мл слатка павлака, 250 г маскарпоне или некое друго крем сирење, 2 супени лажици шеќер во прав, 300 г јагоди, 30 г чоколадо. Колачот е потребно да излади 30 минути во фрижидер а се приготвува во калап со димензии 20х30 см.

Постапка за приготвување: Најдобро би било да имате калап со подвижен обрач, но доколку немате, тогаш земете еден плех или друх сад со приближни димензии на 20х30 см и обложете го убаво со проѕирна фолија, за да можете подоцна колалчот да го извадите од садот.

Наредете еден ред пишкоти кои на дното од калапот, кој ќе биде база на колачот. Пишкотите (за овие димензии на калап потребни ви се 150 г бисквити за тирамису, а по желба можете да користите и друг вид на бисквити) претходно кратко натопувајте ги во млако млеко.

Во подлабок сад ставете 500 мл течна павлака (хопла) па пенасто изматете ја со електричен миксер додека да добиете убав шлаг крем. За ова ќе ви биде потребно да матите околу 2 минути. Во изматениот шлаг додадете 250 г маскарпоне (или некое друго крем сирење).

Во смесата додадете и две супени лажици шеќер во прав или по вкус. Продолжете со миксање на смесата додека да се изедначат сите состојки и да добиете убав нежен и воздушест крем. Пригответе го овошјето: измијте го со ладна вода, исцедете го, па исечете го на поситни парчиња.

Може да користите и смрзнато овошје, но колачот ќе мора подолго да го оставите во фрижидер да отстои, барем околу еден-два часа за да омекне малку овошјето, а сепак да не се растопи. Откако ќе го додадете сечканото овошје, промешајте со лажица или шпатула за да се распореди рамномерно.

Вака приготвениот крем рамномерно распоредете го врз пишкотите и добро израмнете. Внимавајте да не ви останат празнини, па добро натапкувајте го кремот преку целата површина. Одозгора изрендајте околу 30 г бело чоколадо или нешто друго по ваш избор.

Но, со белото чоколадо нема да погрешите, совршено одговара на снежниот крем со јагоди. Колачот оставете го во фрижидер да се олади половина час, а потоа отстранете го обрачот и послужете го. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.