Плазма-банана торта
Оваа торта е вистинско уживање за сетилата, спојувајќи ја носталгичната арома на плазма-кекс со свежината на бананите и богатството на чоколадниот ганаш.
Се подготвува брзо и лесно, за само 20-тина минути, што ја прави идеална за секоја пригода. Пробајте ја и уживајте во совршениот баланс на вкусови, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За основата:
– 300 г мелени плазма-кекси
– 130 г стопен путер
– 135 мл млеко
За филот:
– 300 г мелени плазма-кекси
– 4 лажици шеќер во прав
– 5 лажици кисела павлака
– 2 сечкани банани
– 200 мл слатка павлака
– НМД
За ганаш:
– 200 мл слатка павлака
– 160 г чоколада
ПОСТАПКА:
1. Подготовка на основата: Во сад измешајте ги мелените плазма-кекси, стопениот путер и млекото со помош на миксер додека не се добие хомогена смеса.
Добиената смеса рамномерно распоредете ја и притиснете ја во калап за торта.
2. Подготовка на филот: Во друг сад соединете ги мелените плазма-кекси, шеќерот во прав, киселата павлака и сечканите банани. Матете со миксер додека смесата да се изедначи.
Потоа, додајте ја слатката павлака и продолжете да миксате додека да се формира компактна и кремаста текстура. Оваа смеса рамномерно распоредете ја врз основата од кекс.
3. Подготовка на ганашот: Во мало тенџере на тивок оган загрејте ја слатката павлака заедно со чоколадата, постојано мешајќи додека чоколадата целосно да се стопи и да се соедини со павлаката. Потоа, ганашот прелијте го врз филот.
4. Ладење: Тортата ставете ја во фрижидер и оставете ја да се стегне неколку часа пред сервирање.
Сервирајте ја тортата ладна и уживајте во нејзиниот богат вкус! Добар апетит! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:
https://www.instagram.com/reel/DHDU6rTAGyt/?utm_source=ig_web_button_share_sheet