Потребно е редовно да се проверува на што го поминуваат времето најмладите! Медиумите алармираат кога станува збор за штетното влијание на социјалните мрежи врз децата и тинејџерите.

Имено, младите се соочуваат со висока стапка на депресија, анксиозност и осаменост повеќе од кога и да било, а има сè повеќе докази дека главната причина за овие ментални нарушувања се токму мултимедијалните содржини на кои сведочат преку социјалните платформи.

За првпат Американското здружение на психолози издаде официјални препораки за користење на социјалните мрежи од страна на тинејџерите, а тие се однесуваат на родителите, наставниците, како и креаторите на содржини и политиките за приватност.

– Потребно е да се вооружат родителите со знаење за да се боpиме заедно против овој непpијател – изјавил д-р Артур Еванс, а пренесува „НПР“.

Но, терапевтот Роберт Кин не се согласува целосно со оваа теорија, велејќи дека тоа им става преголем товар на родителите.

– Нивната моќ е многу ограничена, и во крајна линија незначителна, доколку технолошките компании и светските медиуми не се приклучат на оваа боpба – рече тој. Но, ова се некои од препораките.

Контрола на содржината

Иако социјалните мрежи се корисна алатка за одржување контакт, што е особено докажано за време на изолацијата за време на пандемијата, сепак, содржината до која имаат пристап адолесцентите треба редовно да се проверува.

– Дали социјалните мрежи го нарушуваат сонот на вашето дете или предизвикуваат недостаток на физичка активност? Дали тие имаат предност пред студирањето или другите општествени активности?

Дали им е тешко да се одвојат од телефоните или лажат за да ја прикријат зависноста? Ова се работи на кои родителите треба да внимаваат – вели Еванс.

Американската психолошка асоцијација наведе дека родителите треба да обратат посебно внимание на социјалните мрежи на нивните деца во раната адолесценција, на возраст од 10 до 14 години.

Ако е можно, тие треба да ја спречат или минимизираат штетната содржина на која се изложени децата, особено онаа што промовира самоyбиство, cамоyништување, наpушувања во исхраната, pаcизам и наcилство.

Децата гледаат многу од ваков тип на содржини, а родителите често не го разбираат степенот на штетата. Една неодамнешна студија објави дека дури 40 % од девојките се сведоци на слики и видеа кои промовираат cамоyбиство барем еднаш месечно на „Инстаграм“, „Тик-Ток“, „Снепчет“ и „Јутјуб“.

Клучната препорака е да се ограничи содржината што се гледа, ако зборуваме за девојки, таа треба да биде онаа која е фокусирана на убавината, модата и општата естетика.

Имено, споредувањето на вашето тело со фотошопираните онлајн верзии – предизвикува зголемени проблеми со самодовербата кои водат до депpесија. Еванс особено истакнува дека родителите треба да внимаваат и на сопственото време поминато на социјалните мрежи бидејќи тие се таму да дадат пример.

Надвор од контрола

Кин наведува дека темата е многу посложена отколку што изгледа.

– Ова не е како кога ќе научите дете да вози автомобил, се соочуваме со нов проблем во кој не сме вешти. Всушност, нашите деца се веројатно повешти од нас. Како да следите апликација за која детето знае повеќе од вас? Тоа е невозможно.

-Првенствено, содржината која е опаcна не смее да биде достапна за децата, туку тоа зависи од технолошките компании и нивната политика за безбедност и приватност. Додека не направат промена, ние сме безнадежни – нагласува тој.

Тој наведува дека „бесконечното скролање (лизгање)“ и „препорачана содржина“ треба да се ограничат колку што е можно повеќе според возраста на поединецот.

– Мислам дека сите апликации се создадени од поединци кои не пораснале во дигиталниот свет и затоа немаат поим колкава штета може да му донесе на некој што допрва се формира – истакна Кин.

За повеќе корисни содржини заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ИМУНОЛОГОТ КАМЕНОВ: Децата често се разболуваат поради неколку грешки на родителите“ – ОВДЕ.

ИМУНОЛОГОТ КАМЕНОВ: Децата често се разболуваат поради неколку грешки на родителите