Најпознатиот српски имунолог и педијатар, професорот д-р Борислав Каменов, даде вредни совети како да се подобри имунитетот на децата и да се зајакне во време кога е популарна брзата и нездрава храна.

Грижата за здравјето на детето започнува многу пред неговото раѓање. „Важно е да се работи на имунитетот на детето од почеток. Децата кои се родени со царски рез се поизложени на болести од оние кои се родени по природен пат.

Добро е детето да помине низ породилниот канал и да ги „испие“ бактериите, бидејќи тоа е најдобар трансвер за имунитетот на детето. Грижата за здравјето започнува многу пред раѓањето. Какви навики во исхраната и живеење имала мајката ќе има големо влијание врз здравјето на детето…“

Добро е да го испратите детето во градинка што е можно порано. „Но, ако детето има проблем и често е болно, тогаш мораме да бидеме попаметни, па да ставиме кочница, ако телото реагира, ќе го загрози неговото здравје и којзнае каква болест ќе се појави.

За најмала возраст е нормално детето да се разболува до 6 пати годишно, кај постарите до 4 пати годишно. Не е ни здраво никогаш да не се разболат, бидејќи оние деца кои никогаш не се разболуваат значи дека нивното тело немало контакт со надворешниот свет, за да изгради имунитет.

Се зголемува ризикот да се разболат од разни болести, особено од малигни заболувања. Секогаш се плашам кога ќе ми дојде дете кое никогаш не било болно…“

ТВ Пинк / принтскрин

Не е добро да се спушта температурата со лекови што не е висока. „Зошто? Така се создаваат заштитни протеини и ја издигнуваат борбата на највисоко ниво. Болеста побрзо ќе заврши ако не ја спуштиме температурата која не е висока.

Порано децата ги покриваа за време на температура да се потат, но денес тој принцип се критикува. Можеби не е најпаметното решение бидејќи може да има морници, но температурата не треба да се спушта на околу 37,5 степени.

Треба да се избегнуваат лекови кои ги yбиваат сите бактерии. Со една инјекција на антибиотик ги yбивате сите бактерии кои телото не може да ги надомести во следната година. Најуспешен начин да се намали температурата според мене е да се стават ладни раце и стапала во топла вода и да се загреат, а потоа температурата паѓа.

Ако детето се разболи повеќе од 6 пати годишно, треба да испитаме дали се работи за некоја друга болест додека го лекуваме од инфекцијата“.

Внимавајте што јаде вашето дете секој ден. „Првото правило е правило за разновидност на исхрана. Ниту една строга диета не е добра. Ако ви кажам дека зеленчукот и овошјето се здрави, a се прскаат веднаш по берењето, тогаш тие се отров.

Фото: Илустрација

Млекото е храна која може да биде најризична за децата – кравјото млеко. Ако детето има нетолеранција на лактоза, тогаш тоа е обично нетолеранција на протеините содржани во кравјото млеко.

Детето не треба да пие повеќе од половина литар млеко, без разлика на нетолеранцијата на млеко. Најдобар избор на месо за детето е да јаде месо од оние животни кои се хранат со природна храна: овци, јариња, јагниња, кози и дивеч. Не е неопходно да се дава месо повеќе од трипати неделно.

Јајцата се генерално добри и секое дете може да јаде по едно јајце секој ден. Сусам, ленено семе, леќа, спанаќ е сè што детето треба и може да јаде“.

имунолог Каменов

Не давајте им на децата суплементи на своја рака. „Кога ќе ви падне на памет да му дадете на вашето дете суплементи, имате желба да манипулирате со системот, да го зајакнете имунитетот… Тоа го прават родителите кога детето е болно. А вистината е дека имунитетот на детето е зајакнат до максимум кога е болно.

Доколку му го зајакнеш уште повеќе имунитетот, ја влошуваш неговата состојба. Што би рекле народно луѓето „го пресолувате.“ Единственото нешто што никогаш нема да направите погрешно е да му дадете на вашето дете витамин Д.

Затоа што многу често, сето ова за што зборувавме: дека нашето тело се распаѓа, дека се создаваат автоимуни болести, дека се создаваат малигни заболувања – сето тоа значително се забавува ако се користи витамин Д.

Цинкот е исклучително важен. Бидејќи цинкот е составен дел на молекулите кои ги лекуваат инфекциите и болестите во телото. Тој е коректор за нашето тело.”