Превкусни чоколадни коцки без печење…Здрав колач за 10 минути…Јадете го без грижа на совест, без додаден шеќер и брашно. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 банани (по можност зрели)
280 г мелени овесни снегулки
80 г мелени ореви
1 лажица какао
4 лажици мед
2 лажици таан
120 мл млеко
100 г чоколадо за готвење (јас користев 50 г бело, 50 г темно) Тоа имав во фрижидер 🙂
за посипување грст крупно мелени несолени кикиритки
Калапот е со димензии 20×20 см.
ПОСТАПКА:
Бананите изгмечете ги со виљушка. Во посебен сад измешајте ги овесот и оревите, додајте какао, мед и таан, како и пирето од банани. На крај сипете го млекото и сето добро соединете го.
Смесата распоредете ја во намастен калап, па одозгора сипете растопено чоколадо и посипете крупно мелени јатки. Оставете во фрижидер неколку часа или најдобро преку цела ноќ. Постапката погледнете ја ОВДЕ: